
CORENDON HYDROS CLUB KEMER
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на градот Кемер, на 59 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 341 соба сместени во главни згради и клуб соби.
Клуб стандардни соби (16 – 20 м², еден француски кревет или два единечни + дополнителен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице).
Хотелски стандардни соби (16 – 20 м², една спална соба со француски или два единечни кревети + дополнителен кревет, едно купатило, макс.2+1 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со када, фен, бањарка, влечки, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (само вода секојдневно), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, ламинатен под во хотелските соби и керамички под во клуб собите, LED телевизор со сателитски програми и музички канали, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладневни закуски, чај, кафе, колачиња, полноќни закуски.
Локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до 01.00 часот, сладолед во одредено време, À la Carte ресторани (турски и италијански) со претходна резервација еднаш во текот на престојот.
Не се вклучени: сите увозни пијалаци, сите локални и увозни пијалоци кои што не се на менито, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, услуга во соба, рибен À la Carte ресторан со претходна резервација и со доплата. Храна и пијалоци по 01.00 часот се со доплата.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан – турски, италијански и рибен, бар со закуски на плажа, витамин и лоби бар, диско клуб. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, фризер се доплаќаат. WI-FI интернет е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес сала, турска бања, сауна, тениски терен, пинг-понг, одбојка на плажа.
Со доплата: спортови на вода, школа за нуркање, масажа и центар за убавина, осветлување за тениски терен.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4 - 12 години, со дневни и вечерни програми, игралиште за деца, мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Yeni, Şehit. Polis Cemal Ilgaz Caddesi No:1, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps