Прескокни кон содржината
CONCORDE DELUXE RESORT
Повлечи за повеќе слики

CONCORDE DELUXE RESORT

ЛараUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Lara

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10км од аеродромот во Анталија и 16км од центарот на Анталија.

Сместување

Вкупен број на соби 401. Стандардни соби Де лукс (28-32м², една спална, едно купатило, 2+1 лица), Дуплекс делукс соби (47м²; 2+2 лица, на првиот кат софа, купатило, на вториот кат една спална соба и купатило,првиот и вториот кат не се одвоени со врата, сите се со поглед на море), Јуниор де лукс суит соби (43-56м², макс. 4 лица, мал дел за одмор и мало купатило на влезот од собата, една спална соба со купатило, поглед на море или градина), Фамилијарни де лукс суит соби 6 (55-68м²; макс. 4 лица, една дневна соба одвоена со врата од спалната соба и купатилото и една голема спална соба со купатило одвоена со врата од другите соби, сите се со поглед море), Гранд делукс суит соби (61-70м², две спални соби, две купатила и дневен дел, сите се со поглед нморе) и Ројал суит соби (81-134м² ; лоцирани на најгорниот кат од хотелот). Сите соби се во модерен стил со купатило со када, туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво се дополнува секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, интернет конекција, под со тепих и балкон.

Услуга

Делукс Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, снек ресторант со две различни мениа, ручек, попладневна ужина, вечера, ужина во доцни вечерни часови. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, собна услуга од 01.00-07.00 според мени листа само храна, корпа со овошје на пристигнување. Луксузните увозни пијалоци, старите вина, сите флаширани пијалоци, Habana барот за цигари, Vinario-барот за вина, сите A’la Сarte ресторани, наргиле, услуга во павиљоните на плажа, дополнително се наплатуваат.

Содржина

Главен ресторант Le Buffet со шведска маса, A’la Carte ресторани-Da Vinci (Италијанска кујна), Asiana (Кинеска и Јапонска кујна), Daрhne (Турска кујна), Poseidon (рибен ресторан), Vinario (steak restaurant, забрането за деца до 12 години), BBQ A’la Carte ресторан- сите со претходна резервација и со доплата, Food court (самопослужување за брза храна), Neyzen Pancake Pavilion (Турски палачинки), Café Mundo (сервис за кафе и слатки), барови во хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, rent a car, шопинг центрите се наплатуваат. Wi-Fi интернет бесплатен низ целиот комплекс.

Плажа

Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат. Павиљоните дополнително се наплатуваат.

Спорт и Забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, Џакузи, две тениски игралишта и осветлување до 22.00ч., одбојка на плажа, кошарка, не моторни спортови на вода, мал фудбал, мини голф, пинг понг. Моторните спортови на вода, салон за убавина, SPA&Wellness центарот, масажа, куглање, билијард, школа за нуркање дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Гала вечери на секои 14 дена, жива музика. Dombo Мини клуб за деца од 04-12 год. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Kemerağzı, Yaşar Sobutay Bulvarı No:44, 07980 Lara/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps