
CLUB SERA HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Лара на 12 km од центарот на Анталија и 9 km од аеродромот.
Сместување
Вкупно 550 соби.
Elegance standard rooms (32 m², една спална, едно купатило, макс.2+2 лица, во главна зграда, балкон или француски балкон).
Elegance Family rooms (42 m², две спални одвоени со врата, купатило, макс.3 лица, во главна зграда, само со француски балкон).
Club standard rooms (18 m², лоцирани во Клуб зградата, една спална соба, едно купатило, макс.2 лица, клуб зградата е лоцирана во насока од главната зграда кон плажа).
Сите соби се со купатило со када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (сокови и вода се дополнува секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, обичен или француски балкон. Elegance собите се наоѓаат во главната зграда, клубските соби се во зградата во градината во правец кон плажата.
Услуга
Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска закуска, ручек, попладневна закуска, кафе, чај, вечера, полноќна закуска. À la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престој, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00-24:00 часот, мини бар во соба (бесплатен).
Со доплата се увозни пијалаци, сите флаширани пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, услуга во соба, енергетски пијалаци, À la Carte ресторан е со претходна резервација и доплата.
Содржини
Главен ресторан Royal со шведска маса, À la Carte ресторан - мексикански, монголиски и суши, снек бар покрај базен и на плажа, барови околу хотелскиот комплекс, диско бар.
Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, продавници, фризер, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интеренет во лобито на хотелот е бесплатен
Плажа
Приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце, крпи и душеци на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, тениски терени, фитнес центар, турска бања, сауна, кошарка, одбојка на плажа.
Спортови на вода, масажи, солариум, осветлување за тениски терени, куглање, билијард, соба со игрици се наплаќаат.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4 – 12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Güzeloba, Lara Cd. No: 204, 07230 Muratpaşa/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps