
CLUB PARADISO HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Kastel, 7 км од центарот на Аланија и 130 км од аеродромот во Анталија. Хотелскиот комплекс е оддалечен 900 м од плажа.
Сместување
Вкупен број на соби 310. Една главна зграда и 10 анекс згради. Стандардни соби 93 во главната зграда (21м², макс.2 лица), останатите соби се во анекс зградите. Супериор соби (54м², една дневна соба и една спална соба, одвоени со врата, едно купатило, макс. 3+1 лица), фамилијарни соби тип Б (60м², една дневна соба и две спални соби, едно купатило, макс.5 лица), фамилијарни соби тип С (63м², една дневна соба и три спални соби, одвоени со врата, едно купатило, макс. 6 лица), Penthouse A suit (76,50м², дуплекс, две спални соби, две дневни соби, две купатила, голем балкон или тераса, макс. 6+1 лице), Penthouse В suit (96м², дуплекс, три спални соби, две дневни соби, две купатила, голема тераса, макс. 8 лица). Сите соби се со купатило со туш, фен, сплит клима систем, телефон, мини бар (само со вода), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, плочки на подот, балкон.
Услуга
Ултра Се вклучено-24 часа храна и пијалоци. Шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневна ужина, време за кафе, полноќна ужина, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед, ресторан со ужина на плажа. Увозни пијалоци, специјални вина, A‘la Carte ресторан со претходна резервација и со доплата, свежо цедени сокови дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A‘la Carte ресторан, бар со ужина на плажа, бар со ужина, бар крај базен, лоби бар. Доктор, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, интернет, фризер, продавници, rent a car дополнително се наплатуваат. Wi-Fi интернет конеција е со доплата.
Плажа
Хотелска плажа на 900м од хотелот, песок и со ситни камчиња, лежалки и чадори за сонце се бесплатни. Има бесплатен шатл превоз до плажа. Пешкири за на плажа и за на базен се со депозит.
Спорт и забава
Пет отворени и затворени базени за деца и возрасни, пет лизгалици на вода, фитнес центар, тениски терени, сквош, пинг понг, одбојка на плажа, одбојка, кошарка, мини голф,турска бања. Спортови на вода, сауна, масажа, Спа и Wellness центар, билијард, осветлување на тениски терени и опрема дополнително се наплатуваат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот крај базенот и на плажа, натпревари за возрасни и деца, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kestel, Hastepe Cd. No:33, 07410 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps