Прескокни кон содржината
CLUB HOTEL RAMA
Повлечи за повеќе слики

CLUB HOTEL RAMA

КемерAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Белдиби на 10 km од Кемер и 45 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 200 соби во 3 блока.
Standard room (18 m², една спална соба со француски кревет и еден екстра кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (со вода се дополнува секој ден), сеф (со доплата), керамички под, сателитска телевизија и музички канали, балкон.

Услуга

Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, вечера, полноќна закуска до 03:00 часот, локални алкохолни (џин, водка, ракија, вино, пиво) и безалкохолни пијалаци и некои увозни пијалаци од 10:00 до 02:00 часот, À la carte ресторан еднаш за време на престој од 10 ноќевања.
Не се вклучени: увозни пијалаци, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалаци, турско кафе, сладолед, наргиле.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, бар на плажа и покрај базен.
Доктор на барање, перење алишта, телефон, факс, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интернет е бесплатен во лобито.

Плажа

Хотелска плажа со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.  

Спорт и забава 

Надворешни базени за возрасни и деца, еден тобоган, фитнес соба, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа.
Со доплата: масажи, спортови на вода, билијард.
Забавна програма и мини клуб за деца од 4 до 12 години, детско игралиште.

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Göynük Mahallesi Başkomutan Atatürk Caddesi No : 191 Beldibi-3, 07985 Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps