Прескокни кон содржината
CLUB HOTEL PHASELIS ROSE
Повлечи за повеќе слики

CLUB HOTEL PHASELIS ROSE

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Текирова на 15 km од Кемер и 70 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 558 соби сместени во две главни згради и во блокови во градината.
Comfort standard rooms main building (23 m², главна зграда, една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет или екстра легло, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Comfort economy rooms (23 m², во главна зграда на приземје, без балкон, поглед кон покрив, пат или ѕид, една спална соба со два единечни кревети и софа, едно купатило, макс. 2+1 дете).
Comfort roof rooms main building (20 m², во главна зграда, се наоѓаат на највисокиот кат, една спална соба со француски кревет, купатило, макс. 2 лица).
Comfort Family rooms (51 m², во главната зграда, две спални соби, едно купатило, макс. 4 лица).
Garden deluxe rooms (25 m², сместени во градината во 3-катни згради, една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Garden deluxe suit (73 m², во блоковите во градина, една спална и една дневна соба, едно купатило, макс 3+1 лица).
Сите соби се со балкон или тераса (освен економските соби), приватно купатило со туш и фен, централна климатизација која работи според временските услови, телефон, тепих во собите во главните згради и ламинат или мермер во собите во анекс зградите, мини бар (обична и минерална вода, сокови се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет.

Услуга

Ултра Сѐ Вклучено – 24 часа храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, попладневна закуска, ручек, вечера, полноќно бифе до рано наутро, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови, À la Carte рестораните се со претходна резервација и еднаш за време на престојот во еден од нив, снек бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот.
Не е вклучено: специјални вина и специјални увозни пијалаци, пијалаци во лименка и шише, свежо цедени сокови, услуга во соба, пијалаци во Karaoke Rose барот.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, снек бар на плажа, À la Carte ресторани – Lalezar – турска кујна, Aqua Blue – риба и морска храна, Milanese – италијанска кујна, лоби бар, диско клуб.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет, фризер, изнајмување кола се наплаќаат. WI-FI интернет конекција (ниска брзина) е бесплатна.

Плажа

Приватна хотелска плажа со камчиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни, детски базени, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, стрелање, билијард, одбојка на плажа, пинг-понг, се бесплатни.
Wellness & SPA центар, масажа, куглање и компјутерски игри, осветлување на тениски терени, спортови на вода, часови за нуркање се доплаќаат.
Забавни програми и натпревари во текот на денот, вечерни шоу програми. Rosy клубот за деца со специјални програми во текот на денот – игри покрај базенот, боење, вечерни шоу програми со магионичари, танцувања и сл. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Tekirova Mahallesi,, Tekirova Caddesi,, 07995 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps