Прескокни кон содржината
CLEOPATRA GOLDEN BEACH HOTEL
Повлечи за повеќе слики

CLEOPATRA GOLDEN BEACH HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Аланија, спроти познатата плажа Клеопатра, на 1 km од центарот на градот и 118 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 106 соби.
Standard rooms (25 – 32 m², една спална соба и едно купатило, макс. 2+2 лица). Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина и фен, сплит клима, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), керамички под, сателитска ТВ со музички канали и балкон.

Услуга

Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек и вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 11:00 до 22:00 часот (пиво, вино, ракија, вотка, џин). Не се вклучени: сите други локални и увозни пијалаци, свежо цедени сокови, сладолед, сите јадења и пијалаци по 22:00 часот, турско кафе, услуга во соба, À la carte ресторан, сите јадења и пијалаци на плажа.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторан, бар покрај базенот. Доктор, перење, телефон, факс, интернет, изнајмување кола, продавници се со доплата. WI-FI интернет конекција е бесплатна во лобито.

Плажа

Песочната плажа Клеопатра се наоѓа спроти хотелот (плажа бр.13). Лежалки и чадори за сонце со доплата. Лежалките и чадорите се бесплатни покрај базен во хотелот. Меѓу хотелот и плажата има пат.

Спорт и забава

Надворешен базен за возрасни со дел за деца, одбојка на плажа.
Турска бања, сауна и масажа, пинг-понг, водени спортови, компјутерски игри и билијард се со доплата. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Kızlar Pınarı, Atatürk Blv. No:178, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps