
CITRUS PLAZA HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Обакој, на 4 km од центарот на Аланија и на 120 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 146 соби во две главни згради.
Стандардни соби (една спална, едно купатило, макс.2+1 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, клима систем кој работи во одредени часови, телефон, мермерен под, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, ручек и вечера, во попладневните часови кафе, чај и колачи, локални алкохолни (ракија, наливно вино, пиво, водка, џин) и безалкохолни пијалаци достапни од 10.30 до 23.30ч.
Со доплата се: увозни пијалаци, други пијалаци кои што не се на менито, свежо цедени сокови, сладолед, турско кафе, пијалаци во Диско клуб, храна и пијалаци на плажа.
Содржини
Главен ресторан, лоби бар, снек бар на базен.
Не се служат храна и пијалаци на плажата.
Доктор и перење алишта се со доплата.
Wi-Fi интернет во лобито е бесплатен.
Плажа
Гостите користат плажа која е на 200 метри од хотелот.
Лежалки и чадори за сонце се со доплата.
Само лежалките и чадорите за сонце покрај базенот се бесплатни.
Крпи за плажа не се достапни.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, фитнес соба, турска бања и пинг понг.
Со доплата се: Спортови на вода, сауна, масажа и билјард, дополнително.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Oba, Dadaşlar Cd. No:43, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps