
CESARS RESORT SIDE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Кумкој на 5 km од Сиде и 65 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 693 соби во главна зграда и анекс зграда преку патот.
Standard rooms во главната зграда (24 m², една спална соба со француски кревет и софа или кревет на расклопување, едно купатило, макс. 2+2 лица).
Family rooms with bunk bed (30 m², во главна зграда, една спална соба со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс.4 лица).
Annex standard pool side rooms (24 m², во анекс зграда, една спална соба со француски кревет и софа или кревет на расклопување, едно купатило, макс.2+2 лица).
Family pool side rooms (44 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, минибар (секој ден се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци), сеф, сателитска ТВ и музички канали, ламинатен под и балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утринска и пладневна ужина, вечерна и доцна вечерна ужина, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, пет вида увозни алкохолни пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, бар на плажа од 10.00-18.00 часот.
Не е вклучено: увозни пијалаци кои не се на менито, специјални вина, пијалаци во шише или лименка, свежо цедени сокови, сладолед, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, барови во целиот хотелски комплекс, бар на плажа, À la Carte ресторани со италијанска и турска кујна, диско клуб.
Доктор, перална, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен.
Плажа
Хотелска плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани во базен, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг-понг, тениски терени.
Со доплата се спортови на вода, осветлување на тениските терени, опрема за тенис, билјард и компјутерски игри, масажи, спа центар.
Забавни програми во текот на денот, како и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-09 години, детско игралиште.
Хотелот е реновиран во 2018/2019 година (собите), а во 2024 реновиран надворешно.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Ilıca, 277. Sk. No:9, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps