
BLUE WAVE SUITE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотело се наоѓа во Аланија, во центарот на регионот Оба, на околу 350 метри од градската плажа. На околу 4 км од центарот на Аланија и 120 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот е отворен во 1999 год., а последен пат е реновиран во 2014 год. (само главната зграда). Се простира на 7.000 м2. Се состои од главна зграда и 4 анекси во форма на одморалиште преку улицата од главната зграда, одделени со улица (до кои се пристапува преку подземен премин).
Хотелот има 51 стандардна соба, 127 апартмани, 13 економични соби и 1 соба за лица со посебни потреби.
Стандардните соби имаат балкон, клима уред, сателитска телевизија со музички канали, телефон, мини бар, бања со када (во апартманите со туш-када), фен за коса, површина од околу 30 м².
Економските соби немаат балкон и се наоѓаат во анексот, површината е околу 30 м².
Семејните соби се состојат од две спални соби одделени со врата (спална соба и дневна соба), нивната површина е околу 40 м².Со доплата: сеф и мини бар.
Услуга
Хотелот нуди услуга сè вклучено - самопослужување - избор од неколку јадења според хотелските правила во главниот ресторан: појадок, ручек, вечера, полноќна супа, закуски во снек-барот од 10:30 до 12:00 часот и од 14:30 до 17:00 часот, чај од 16:30 до 17:70 часот. Концептот вклучува локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, како и кафе. Пијалоците се служат во барот покрај базенот од 12:00 до 16:00 часот и во барот на плажа од 10:00 до 18:00 часот.
Со долата: увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежи овошни сокови, сладолед, турско кафе (се служи до 23:00 часот), сите пијалоци во дискотеката.
Содржина
Хотелот располага со главени ресторан и 4 барови (2 барови покрај базенот, плажа, Ботаничко кафе).
Меѓу содржините за деца, хотелот има детски базен, мини клуб за деца од 4 до 12 год., игралиште и аква парк.
Со доплата: чување деца
Плажа
Хотелот го користи својот дел (бр. 17) од градската песочна и камчеста плажа. Чадорите и лежалките се бесплатни.
Се доплата: крпи за плажа, бар на плажа.
Спорт и забава
Два надворешни базени (еден со лизгалка), детски базен, теретана, аеробик, водна гимнастика, пинг-понг, пикадо, билијард, дневни и вечерни анимации и програми, турска бања (хамам), сауна.
Со доплата: водни спортови, интернет кафе, користење на сауна, масажи и третмани.и други работи надвор од концептот.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Fatih Cad :9 Obagöl, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps