
BERRY BLUE HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Титрејенгол, 5 km од центарот на Сиде и 60 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 273.
Standard elite rooms (23 m², една спална соба со француски кревет + дополнителен кревет или софа, едно купатило, макс. 2+1 лица).
Family elite room (43 m², две спални соби одвоени со врата, во едната има француски кревет, а во другата два посебни кревети, едно купатило, макс. 4 лица).
Две соби за лица со попреченост.
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен за коса, влечки, клима, телефон, мини бар (вода, сокови кои се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – 24 часовна услуга со храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, вечера и ноќна закуска до 07:00 часот наутро. Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, бар на плажа од 10:00 до 18:00 со безалкохолни пијалаци, пиво или вино, сладолед во одредени часови.
Не се вклучени: премиум увозни пијалаци, пијалаци во шишиња, специјални вина, свожо цедени сокови, турско кафе, À la carte ресторани со резервација однапред, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со пведска маса за појадок, снек бар, бар на базен, бар на плажа, A’la Carte ресторани – Luna – интернационална кујна и Agean – рибна кујна.
Доктор, перење и хемиско чистење, фризер, бебиситер, телефон, факс, изнајмување автомобил. WI-FI интернет конекција во општи простории е бесплатна.
Плажа
Хотелска песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадор и крпи за на плажа.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца, два тобгана, турска бања, фитнес сала, стоен тенис, одбојка на плажа, гимнастика.
Со доплата: водни спортови, СПА центар, сауна, масажа и билијард.Забавни програми за време на денот, шоу програми навечер. Мини клуб за деца 4 -12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Sorgun, Titreyengöl Cd., 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps