
BELKON HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Белек на 18 км од аеродромот и 40км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупно 182 соби во една главна зграда и клубски дел.
Standard room (28м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице),
Family room (35м², две спални соби одделени со врата, едно купатило, макс. 4+2 лица).
Сите соби се со приватно купатило со када и туш кабина, фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (се доплаќа), сеф (се доплаќа), тепих на под, сателитска телевизија и музички канали, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладневни колачи, чај и кафе, полноќна закуска, локални алкохолни и безакохолни пијалоци од 10:00 до 23:00 часот, бар за закуски на плажа.
Не е вклучено: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, луксузни локални и увозни вина, сите флаширани пијалоци, сладолед, турско кафе, пијалоци во диско клубот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен, лоби бар.
Доктор, чување деца, услуги за перење, фризер, шопинг, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во лобито и на јавни површини.
Плажа
Приватен дел од јавната песочна плажа, 1.8км оддалечена од хотелот со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Има превоз до плажа.
Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, турска бања, сауна, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни.
Масажа, СПА центар за убавина и здравје, сите видови спортови на вода, билијард и комјутерски игри се доплаќаат.
Забавни програми во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
SERİK, KADRİYE MAH. BEŞGÖZ CAD. NO:36 ÜÇKUM TEPESİ MEVKİİ, 07525, 07525 Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps