
BELEK BEACH RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Богазкент, 35 km од аеродромот во Анталија и 45 km од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупно 475 соби во 8 блока поврзани меѓусебно и два блока во Elite Part преку патот, поврзани со главната зграда со мост.
Comfort standard rooms (28 m²- 32 m², лоцирани во блоковите A, B, C, D, една спална со француски кревет или два единечни + 1 единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 дете).
Comfort Standard Quad rooms (32 m² еден француски кревет + 1 единечен кревет + 1 кревет на извлекување, едно купатило, макс.2+2 деца).
Comfort Family rooms (40 m², лоцирани во блоковите A, B, C, D, две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Comfort Swim up rooms (28 m², лоцирани во блок A на приземје - не е дозволено за помлади од 13 години - една спална со француски кревет, едно купатило, директен пристап на базен, макс.2лица).
Comfort Standard rooms with Jacuzzi (28 m², лоцирани во А или D блок, не е дозволено за помлади од 13 години, еден француски кревет или еден тркалезен кревет, џакузи во собата, едно купатило, директен поглед на море или базен, макс. 2 лица).
Elite Comfort rooms (32 m², лоцирани во G или H блок, не е дозволено за помлади од 13 години, една спална со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 3 лица).
Elite swim up rooms (32 m², лоцирани во G или H блок - не е дозволено за помали од 13 години - една спална со француски кревет, директен пристап до базен, едно купатило, макс. 3 лица).
Сите соби се со купатило со туш кабина, влечки, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со сокови и вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинат на подот, WI-FI интернет конекција, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено - 24 часа услуга храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне закуски и кафе, вечера, полноќна закуска, ран појадок. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, детско и диететско бифе, сладолед во одредени часови, снек бар на плажа до 18.00 часот.
Не се вклучени увозни пијалаци кои не се на листата, специјални премиум локални и увозни пијалаци, услуга во соба. À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалаци и пијалаци во лименка, наргиле.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Flamingo (италијански), Lebanese (либанска кујна), Caretta (рибен ресторан), Steak À la Carte Restaurant, Elite (само за лица над 13 години), барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перална, фризер, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата. Бесплатен Wi-Fi во целиот хотел и на плажа.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен (работи само во зимскиот период) за возрасни и деца, Elit базен за возрасни, тобогани, фитнес, турска бања, сауна, парна бања, тенис, одбојка на плажа, мини голф, мини фудбал, пинг понг. Спа центар, салон за убавина, масажа, осветлување на тениски игралишта, спортови на вода, билијард, играчница се со доплата.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-15 год. мини Луна Парк е бесплатен, мини диско во вечерните часови.
Хотелот е целосно реновиран во 2022/2023 год.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
No: 12 Antalya TR, Boğazkent, 40. Sk., 07500 Serik, Türkiye
Отвори во Google Maps