Прескокни кон содржината
BALMY FORESTA
Повлечи за повеќе слики

BALMY FORESTA

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Белдиби на 18 km од Кемер и 40 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 346 соби.
Standard rooms (39 m², во главна зграда, една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+2 лица).
Junior suit (48 m², една спална соба со еден француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица).
Family suit (75 m², една спална соба со француски кревет и една дневна соба со дел за седење - одвоени со врата, едно купатило и 2 WC, макс.4 лица).
Сите соби во главната зграда се со сопствено купатило со туш кабина, фен, централен систем за климатизација, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, LCD телевизор со сателитски и музички канали, ламинатен под, балкон или тераса.
Исто така, во градината има:
Garden family rooms (45 m², две соби одвоени со врата, макс.4 лица);
Villa Duplex  (100 m² на долниот кат има дневна соба со кујна и на горниот кат има две спални соби, во едната француски кревет, а во другата два единечни кревети, едно купатило, макс. 4+1 лице) .
Во овие соби има клима уред и керамички под, сите останати собни содржини се исти како собите во главната зграда. WI-FI интернетот е бесплатен.

Услуга

Luxury Ултра сѐ вклучено -24 часовна услуга со храна и пијалаци во Ania ресторанот, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, полноќни закуски, ран појадок до 07:00 часот, попладневни закуски, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед за време на ручек и вечера, слаткарница, À La Carte ресторани (егејски, турски) се со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, сите локални и одбрани увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Не се вклучени: луксузни премиум пијалаци, пијалаци во клубот Хавана, À la Carte ресторани (азиска, Steak house) се со доплата, наргиле, услуга во соба, специјално мени со закуски во пијано барот, пијалаци во Divan Lounge.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: кинеска кујна, италијанска кујна, Garden House (медитеранска кујна). Барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, фризер, продавници, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интернет во сите соби и хотелот е бесплатен.

Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, мини фудбал, одбојка, кошарка, гимнастика, пинг-понг, мини голф.
Со доплата се спортови на вода, осветлување за тениските терени, часови по тенис и опрема, СПА и велнес центар, соба за игри.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, вечерни шоу програми, музика во живо. Мини клуб за деца од 4-12 години, детско игралиште, мини диско во вечерните часови. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Başkomutan, Beldibi, Atatürk Cd. No:143/1, 07985 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps