Прескокни кон содржината
BALMY BEACH RESORT
Повлечи за повеќе слики

BALMY BEACH RESORT

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Белдиби на 18 km од Кемер и 40 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 148 соби.
Superior standard (30 m²; една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, дел за седење, едно купатило, макс. 2 лица)
Deluxe standard (35-40 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, голем простор за седење, едно купатило, макс.2 лица)
Deluxe suit (45 m², една спална соба со голем (king) кревет, голем простор за седење, едно купатило, макс.2 лица).
Balmy signature garden suit (45 m², една спална соба со голем (king) кревет, со голем простор за седење, тераса со директен пристап на заедничкиот базен со другите swim-up соби, макс.2 лица)
Balmy Garden Swim up (45 m², една спална соба со голем (king) кревет, едно купатило, тераса со директен пристап на заедничкиот базен со другите swim-up соби, макс.2 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен за коса, влечки, бањарка, клима уред, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода и безалкохолни пијалаци), апарат за кафе, сеф, сателитски ТВ и музички канали, винил на подот, балкон или тараса, WI – FI интернет.

Услуга

Luxury Ultra All Inclusive – шведска маса за појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, веганско, диететско и безглутенско бифе, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 до 24:00 часот (Garden Bar е отворен 24 часа), сладолед во одредени часови во текот на денот, снек бар на плажа до 16:00 часот.
Не се вклучени: специјални увозни пијалаци, свежо цедени сокови, À la Carte ресторан е со претходна резервација, пијалаци после 24:00 часот, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, Garden Bar, À la Carte ресторан, лоби бар, бар на плажа.
Доктор, перење алишта, телефон, факс, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел

Плажа

Хотелска плажа со камчиња. Лежалки, крпи за на плажа и чадори за сонце се бесплатни. Павилјоните се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава

Надворешни базени, турска бања, сауна, тениски терени, одбојка на плажа се бесплатни. Со доплата: СПА, спортови на вода, масажи.
Забавни програми во вечерните часови.
Хотелот е целосно реновиран во 2022/2023 година. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. 

Локација

Başkomutan, Atatürk Cd. No:41 Blok A, 07985 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps