Прескокни кон содржината
BAIA SALIMA KEMER
Повлечи за повеќе слики

BAIA SALIMA KEMER

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби на 13 km од Кемер и 45 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 443 соби распоредени во 65 бунгалови.

Back yard соби:

Стандардни Еко соби (21 m², една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс.2+1 лице).

Фамилијарни соби (37 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица, 350 м од плажа).

Middle yard соби:

Стандардни соби (21 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + софа, едно купатило, макс.2+2 лице, 200 – 250 m од плажа).

Квадро соби (30m², една спална соба со француски кревет + две софи, едно купатило, макс.2+3 лице, 200-250 m од плажа).

Front yard соби:

Стандардни соби (21m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + софа, едно купатило, макс. 2+1 лице, 100-150m од плажа).

Квадро соби (30m², една спална соба со француски кревет и две софи, едно купатило, макс 2+2 лица, 100-150 m од плажа).

Фамилијарни соби (37 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило макс.4 лица,

100-150 m од плажа).

Фамилијарни апартмани (37 – 46 m², две спални соби одвоени со врата, една дневна соба, две купатила, макс.5 лица, 100m од плажа).

Вили дуплекс (100 m², на два ката – четири спални соби, три купатила, џакузи и сопствен базен, макс.6 лица, 250m од плажа).

Сите соби се со балкон, француски балкон или тераса, приватно купатило со туш и фен, бањарка, влечки, централен систем за климатизација, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци, пиво се полни секој ден), електричен бокал, кафе и чај, сеф, керамички под, сателитска ТВ и музички канали.

Услуга

Ултра сѐ вклучено – 24 часовна услуга со храна и пијалаци, шведска маса за појадок, ручек и вечера, закуски во текот на денот на плажа и покрај базен, доцна вечера и ран појадок, детско бифе, диететско бифе, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цеден сок само за појадок, сладолед во одредени часови.

Не се вклучени: увозни пијалаци кои не се на мени листата, специјални вина, свежо цеден сок (освен за појадок), сите флаширани пијалаци, енергетски пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата.

Содржини

Главен ресторан со  шведска маса, À la Carte ресторани – медитеранска кујна и стек, барови околу хотелскиот комплекс,

Диско клуб. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет, фризер, продавници, изнајмување кола се со доплата.

WI – FI интернет конекцијата бесплатна во сите јавни делови на хотелот.

Плажа

Хотеска приватна плажа со камчиња.

Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.

Спорт и забава

Отворени базени, детски базен, девет тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, одбојка, мини фудбал, пикадо, билијард, одбојка на плажа, тениски терени, пинг-понг.

Со доплата: спортови на вода, осветлување за тениски терени, школа за нуркање, СПА центар, компјутерски игри.

Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми во текот на ноќта.

Мини клуб за деца од 4 – 12 години со специјални програми, детско игралиште, мини диско на вечер.

Хотелот е реновиран во 2023/2024 година.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Göynük Mah, Başkomutan, Atatürk Cd. No:147-1 D:1, 07981 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps