
ASTORIA HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер, на 55 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со 78 соби. Сите соби имаат балкон, купатило со туш кабина, сплит систем за климатизација, директна телефонска линија, мини бар (се доплаќа), сеф (се доплаќа), ламинат, сателитска ТВ и балкон (некои соби немаат балкон).
Стандардни соби 22-24м2, една спална, едно купатило, макс. 2+1 лице.
Услуга
Услугата во хотелот е All inclusive отворено бифе за појадок, доцнен појадок, ручек, попладневни колачи, чај и кафе, вечера. Локални алкохолни (водка, ракија, џин, пиво, отворено вино) и безалкохолни пијалоци од 11:00 до 22:30 часот.
Со доплата: храна и пијалоци во снек барот на плажа, сите увозни пијалоци, свежи овошни сокови, сладолед, услуга во соба, мини бар во собите, сите пијалоци после 22.30 часот.
Содржина
Главен ресторан со отворено бифе, бар покрај базен.
Со доплата: доктор, услуга за чување деца, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, трговски центар се наплаќаат. Wi-Fi интернет конекцијата се наплаќа.
Плажата
Хотелската плажа е на 250м од хотелот, лежалките и чадорите се бесплатни. Пешкирите за плажа се доплаќаат.
Спорт и забава
Отворен базен со детски базен, фитнес сала, сауна, пинг-понг, пикадо. Масажа, билијард, спортови на вода се наплаќаат. Забава во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04 до 12 години, игралиште, мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Astoria Hotel, Merkez, Kavaklı Cd. No:3, 07990 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps