Прескокни кон содржината
ASTERIA COLLECTION SIDE
Повлечи за повеќе слики

ASTERIA COLLECTION SIDE

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Титрејенгол, 65 км од аеродромот во Анталија и 5 км од античкиот град Сиде.

Сместување

Хотелот располага со  443 во една главна зграда и блок во градината. Сите соби имаат  купатило со туш кабина, влечки, фен, клима уред, телефон, сеф, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, ламинатен под, WI-FI интернет конекција, сателитска ТВ и музички канали, балкон или француски балкон.

Стандардни соби во главна зграда 24м², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, софа, едно купатило, макс.2+1 лице.

Супериор соби 32м², или во главна зграда или во градина, една поголема спална соба со француски кревет, два единечни кревети, едно купатило, макс.3+1 лице.

Фамилијарни соби 34м², или во главна зграда или во градина, две спални соби, една спална соба со француски кревет и втора спална соба со софа кревет, одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица.

Блокот во градина е лоциран веднаш позади главната зграда и сите соби се со поглед кон градина.

Гарден стандардни соби 24м², една спална соба со француски кревет, софа, едно купатило, макс.2+1 лице.

Услуга

Услугата во хотелот е ултра се вклучено  24 часа услуга на храна и пијалоци - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуска доцна навечер, утрински и попладневни закуски покрај базен и на плажа, детско бифе и детски ресторан, бар на плажа со безалкохолни пијалоци и пиво, локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок само за време на појадок, сладолед, слаткарница, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот, Бистро ресторан отворен 24 часа.

Со доплата: увозни пијалоци кои не се на мени, специјални вина, коктели, луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименки, повторно користење на À la Carte ресторани, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан Horizon со шведска маса, диететско и детско бифе, ресторан покрај базен, бар за закуски и бар во близина на плажа, À la Carte ресторани ресторани – Anatolia (турска кујна), Capri (италијанска кујна), Taka (рибен ресторан) се достапни со претходна резервација и со доплата, барови околу хотелскиот комплекс. WI-FI интернет конекција во целиот хотел и во собите е бесплатна.

Со доплата: доктор, телефон, факс, интернет кафе, чување деца, компјутерски игри, фризер, перење алишта, продавници, изнајмување кола.

Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња на 150м од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени, лизгалки на вода, фитнес центар, сауна, турска бања, пинг понг, тениски терени, одбојка на плажа се бесплатни. Забавни програми во текот на денот покрај базен и на плажа, натпревари за возрасни и деца во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 - 12 години, игралиште, мини диско со програми во текот на денот и во вечерните часови.

Со доплата: Wellness & SPА центар, осветлување на тениски терени, масажа и сите спортови на вода.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Mevki, Sorgun Mahallesi Sorgun Titreyen Göl, Küme Evler no:8, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps