Прескокни кон содржината
ASTERIA BLOOM SIDE
Повлечи за повеќе слики

ASTERIA BLOOM SIDE

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Кизилагач на 10 km од Манавгат и 90 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 265 соби во една главна зграда.

Standard rooms (28 - 35 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревета, едно купатило, макс.2 лица).

Deluxe rooms (30-35 m², една спална со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица).

Suite rooms (48 m², две спални соби одвоени од спалната, една спална соба со француски кревет и џакузи во собата, другата со два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица).

Premium suit (65 m², една спална соба, дневна соба, едно купатило, макс. 2 лица).

King suit (110 m², две посебни спални соби, една дневна соба, две купатила, макс. 4 лица).

2 соби за лица со попреченост.  

Сите соби се со приватно купатило со туш кабина и фен, бањарка, влечки, централен клима уред, телефон, мини бар (се дополнува со вода, сокови и пиво секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон. WI – FI интернет е бесплатен.

Услуга

Ултра сѐ вклучено  – 24 часа услуга за храна и пијалаци - шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, торта и чај, вечера, закуска доцна навечер до 02:00 часот, сладолед во одредено време во барот покрај базен, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, À la Carte ресторани ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот.

Не е вклучено: увозни пијалаци кои не се на менито, сите флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, специјални вина, наргиле, пури, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани ресторани (турски, италијански, далечен исток, рибен), барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб.

Доктор, фризер, телефон, факс, перење, хемиско чистење, пеглање, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет е бесплатен во целиот хотел.

Плажа

Хотелска плажа со каменчиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа. Приватните павилјони се со претходна резервација и се доплаќаат.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг, гимнастика.

Се доплаќаат: спортови на вода, СПА центар и центар за убавина, масажа, часови за нуркање, билијард, куглање, компјутерски игри.

Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Kızılağaç, Turizm Merkezi, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps