Прескокни кон содржината
ART POSEIDON SIDE HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ART POSEIDON SIDE HOTEL

СидеAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се состои од неколку сместувачки капацитети, во областа Евренски, на 8 км од Сиде. Во однос на квалитетот на сместувањето и услугите, хотелот се вбројува меѓу поскромните во својата категорија.

Сместување

Хотелот располага со 249 сместувачки единици.

Стандардни соби - двокреветни или двокреветни со дополнителен кревет од околу 28м2, опремени со тоалет, фен, клима уред, телевизор, мини бар (само вода и сокови по пристигнување), балкон или француски балкон. Сместувачки капацитет: максимум 3 возрасни или 2 возрасни и 2 деца до 12,99 год., или 3 возрасни и 1 дете до 12,99 години.

Семејните соби се опремени како стандардните соби, тие се генерално поголеми, околу 36 м2, погодни за сместување на минимум 2 возрасни или 2 возрасни и 2 (максимум 3) деца до 13 години. Сместувачки капацитет: максимум 3 возрасни или 2 возрасни и 3 деца до 12,99 години или 3 возрасни и 2 деца до 12,99 години Wi-Fi: Дополнително се наплаќа. Организаторот не може да гарантира постојана достапност на сигналот и неговата јачина, како и дека wi-fi интернетот ќе биде достапен и функционален во секое време поради технички услови.

Услуга

Сè вклучено - сè е вклучено според хотелските правила, шведска маса - самопослужување.

Содржина

Ресторан, три бара (вклучувајќи бар на плажа),

Спорт и забава

Базен со лизгалка и дел за деца, мини клуб (од 4-12 години), пинг-понг, турска бања, фитнес, сауна, пикадо, одбојка на плажа, разни анимации.

Со доплата: лекар, сауна, масажи и третмани во турска бања, водни спортови.

Плажа

700 м од плажата, до која има организиран бесплатен превоз во одредени периоди од денот. Лежалки и чадори: користењето на лежалки и чадори е бесплатно за гостите на хотелот (се однесува на приватниот дел од плажата). Капацитетот на лежалки и чадори е ограничен.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Evrenseki, Cumhuriyet Bulvarı, 15 Sok No:13, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps