Прескокни кон содржината
ARSI HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ARSI HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во центарот на Аланија, на 135 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Хотелот располага со 139 соби. Сите соби се со купатило со туш и фен, сплит клима, мини бар (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, ламинатен под, балкон. (сефот е на рецепција, се доплаќа).

Standard rooms 20-22 m², една спална, едно купатило, макс.2+1 лице.

Economy rooms исти како стандардните соби, но без балкон.

Услуга

Услугата во хотелот е се вклучено - шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневни колачи и кафе, чај, стандардни локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 до 22.00 часот.

Со доплата: увозни пијалаци, други локални пијалаци кои не се на менито, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалаци, турска ракија, сладолед, турско кафе, храна и пијалаци после 22.00 часот, храна и пијалаци на плажа.

Содржини

Главен ресторан, бар покрај базен.

Со доплата: доктор на барање, перална, телефон, факс, сеф (на рецепција), изнајмување автомобил.WI-FI интернет конекцијата во областа на лобито е бесплатна.

Плажа

Гостите користат плажа со камчиња на 100 метри од хотелот. Лежалки и чадори за сонце се со доплата. Лежалки и чадори за сонце покрај базен се бесплатни.

Спорт и забава

Отворен базен за возрасни и деца, тобогани, пинг-понг. Турска бања, сауна, масажа, сите спортови на вода се доплаќаат.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Cumhuriyet, Selam Sk. No:13, 07425 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps