Прескокни кон содржината
ARMAS LIFE BELEK
Повлечи за повеќе слики

ARMAS LIFE BELEK

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Богазкент на 50 км од центарот на Анталија, 40 км од аеродромот во Анталија и 5 км од најблиското населено место.

Сместување

Хотелот располага со  230 соби во главна зграда и анекс зграда. Сите соби се со купатило со туш кабина и фен, бањарка, влечки, систем за климатизација кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, а после се дополнува само со вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, TV со сателитски програми и музички канали, WI-FI интернет, балкон (нема во сите соби).

Стандардни соби поглед кон градина соби без балкон 22-24м², лоцирани во анекс зграда, една спална соба со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица + 1 бебе).

Стандардни соби без балкон 28-30м², лоцирани во главна зграда, една спална со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило, макс. 2+1 бебе.

Стандардни  соби 28-33м², во главната зграда, една спална со француски кревет + софа (180х90), едно куплатило, макс. 2+1 дете.

Стандардни соби со кревети на спрат 30-33м², во главна зграда,  една спална со француски кревет + кревети на спрат + софа (190х80), едно купатило, макс. 2+2 деца.

Супериор соби 30-33м², во главна зграда, една спална со француски кревет + софа, макс. 2+2 деца.

Услуга

Услугата во хотелот е ултра се вклучено  24 часа услуга  шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски наутро и попладне, ручек, вечера, вечерни закуски и ран појадок, сладолед во определени часови, свежо цеден сок од портокали само за појадок, сите локални и стандардни  увозни  алкохолни и безалкохолни пијалоци, пијалоци во Диско клуб, À la Carte ресторани  со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Бар со закуски на плажа од 10.00 часот до 17.00 часот.

Со доплата: специјални луксузни увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани: Ethno (само за возрасни над 18 години) со турска кујна, Sea You рибен ресторан, Trattoria со италијанска кујна, лоби бар, бар на базен (работи 24 часа), бар со закуски, диско клуб.

Со доплата: доктор, чување деца, перална, хемиско чистење, телефон, факс, интернет ќоше и компјутерски игри, продавници, услуга за чување деца, изнајмување кола, фризер.

Плажа

Хотелска плажа со песок и камчиња.Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни.

Спорт и забава

Отворени  и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, парна бања, тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, пинг понг, гимнастика.

Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, забавни програми во текот на вечерните часови. Toucan детски клуб со специјални програми, детско игралиште, Мини диско навечер.

Со доплата: спортови на вода, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, часови за тенис, билијард, СПА центар.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Boğazkent, 50. Sk. No:16, 07552 Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps