Прескокни кон содржината
ARCANUS SORGUN
Повлечи за повеќе слики

ARCANUS SORGUN

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба  

Хотелот се наоѓа во областа Sorgun, 5 км оддалечен од Сиде и 75 км од аеродромот во Анталија.  

Сместување

Вкупен број на соби 463. Стандардни соби 293 (21m², една спална соба со софа, едно купатило, макс. 3 лица), стандардни соби со кревети на спрат 151 (21m², една спална соба со брачен кревет и кревети на спрат за деца, едно купатило, макс. 2+2 лица), фамилијарни соби 14 (34m², дуплекс, две спални соби одвоени со врата, едно купатило, џакузи на балконот, сите соби се со поглед кон море, макс. 3+1 лице) и 5 соби за хендикепирани лица кои имаат исти услови како и стандардните соби. Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода, безалкохолни пијалоци и пиво), сеф, сателитска ТВ и музички канали, тепих на подот и балкон.  

Услуга  

Ултра Се Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска и попладневна ужина, доцна вечера, сладолед во попладневните часови, свежо цедени сокови само за појадок, мини бар во собите, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: луксузни увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, собна послуга.  

Содржини  

Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турски, Италијански, Рибен и мексикански, барови околу хотелскиот комлекс, Диско бар кој е отворен неколку денови во неделата. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет во Лоби и околу базенот не се наплатува.  

Плажа  

Хотелска песочна плажа, со лежалки, чадори и пешкири кои се бесплатни.  

Спорт и забава  

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца (внатрешните базени не работат за време на летниот период), две лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени и опрема за тенис, пинг понг, одбојка на плажа, различни курсеви: танцување, јазични курсеви, билјард, интернет кафе и play station. СО ДОПЛАТА: спортови на вода, осветлување за тениски терени, часови по тенис, компјутерски игри, масажа и Спа центар. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базенот, шоу програми во вечерните часови, жива музика неколку пати во текот на неделата. Мини клуб за деца од 04 - 12 години и Јуниор клуб за деца од 12 – 16 години со различни активности и програми. 

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Sorgun Mevkii, Acısu Cd. No:8, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps