Прескокни кон содржината
ARABELLA WORLD
Повлечи за повеќе слики

ARABELLA WORLD

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотел се наоѓа во Авшалар. Оддалечен е 95 километри од аеродромот во Анталија и 25 километри од центарот на Аланија.

Сместување

Хотелот располага со  213 сместувачки единици распоредени во неколку згради,.Сите соби имаат бања, фен, ТВ, телефон, мини бар, клима и балкон. Сеф е достапен во хотелот на барање и со доплата.

Стандардна соба 26-30м2

Трикреветна соба 30м2

Дуплекс  стандардни соби на 2 нивоа 40м2

Сместување

Главниот ресторан, лоби бар, бар покрај базен, слаткарница и бар на плажа. Од дополнителни содржини и услуги, хотелот Arabella World може да понуди медицински услуги и услуги за перење и пеглање со доплата.

Спорт и забава

Хотелот располага со спа центар во кој масажите и козметичките третмани  се со доплата.За љубителите на активен одмори, хотелот нуди различни спортови на вода со доплата, теретана и аква парк (3 тобогани). За нашите најмлади гости се грижи стручен тим од аниматори во мини клубот, додека секоја вечер за време на нивниот престој се организираат тематски вечери, емисии и 3Д кино за сите гости на хотелот.

Плажа

Хотелот има сопствена плажа на 400 метри. До плажата има подземен премин. Лежалите и чадорите се бесплатни.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

WORLD HOTEL, Karaçaltı mevkii Avsallar mahallesi no:37 ARABELAL, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps