Прескокни кон содржината
AQI PEGASOS ROYAL
Повлечи за повеќе слики

AQI PEGASOS ROYAL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа во Аланија, на околу 28 километри од центарот на градот, на околу 95 километри од аеродромот.

Општи податоци

Хотелот е отворен во 2004 година, а последен пат е реновиран во 2013 година. Зафаќа површина од 31.000 м² и нуди 414 сместувачки единици. Поради својата разновидна содржина, се препорачува за гости од сите возрасти. Гостите на Aqi Pegasos Club, Aqi Pegasos Resort и Aqi Pegasos Royal можат да ги користат сите заеднички капацитети, освен ресторанот. Wi-Fi е достапен само во лобито на хотелот. За деца има базен, мини клуб, игралиште, мини диско.

Сместување

Хотелот нуди 414 сместувачки единици и сите имаат балкон/тераса, клима уред, сателитска LCD телевизор, сеф, фен за коса.

Со доплата: мини бар, телефон, услуга во соба, Wi-Fi интернет.

Храна и пијалоци

Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, доцна појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Концептот вклучува и грицки, сладолед и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Хотелот нуди неколку ресторани - главниот ресторан, Сарај (турска кујна, во хотелот Pegasos Resort), Спајс (азиска кујна, во хотелот Pegasos Resort) и Prima Cucina (италијанска кујна, во хотелот Pegasos Resort). На гостите им се достапни бројни барови - Beach Bar, Buddha Bar, Lobby Bar и Pool Bar.

Со доплата: a la carte ресторани, свежо цедени сокови, увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци и се останато надвор од концептот.

Хотелот го задржува правото да ги промени деталите за услугата во зависност од сезоната (времето, содржината...).

Други содржини

Услуга за перење и пеглање, лекар, продавници, сала за состаноци.

Спорт и забава

Хотелот нуди базени со лизгалки, детски базен, пинг-понг, Wi-Fi интернет (во фоајето), анимација, мини фудбал, одбојка на плажа, боче, аеробик, тениско игралиште (опремата се плаќа).Со доплата: спортови на вода.

Спа и велнес

Гостите можат да ја користат теретаната без дополнителни трошоци.

Со доплата: масажи, сите третмани за нега на лице и тело.

Плажа

Хотелот има своја песочна плажа, користењето на чадори и лежалки е бесплатно за гостите на хотелот.

Забелешка

Хотелите имаат право да менуваат одредени услуги, начини на плаќање, како и периодот на користење на содржината, да го променат концептот на all inclusive и слично и во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, и тур-операторот не може да биде одговорен за истите промени.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

İncekum, D400, 07470 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps