
AQI PEGASOS CLUB
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Инчекум, на 28 км од Аланија и 95 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 417 соби.
Стандардни соби (23 м², една спална, едно купатило, макс. 2 лица).
Стандардни поголеми соби (25 м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 дете).
Фамилијарни соби (38 м², две спални соби одвоени со лизгачка врата, едно купатило, макс. 2+2 деца).
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, ламинат или плочки на подот, балкон, некои од собите немаат балкон.
Услуга
Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски, кафе и колачи во попладневните часови, вечера, вечерни ужинки.
Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 01:00 часот. Бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот.
Не се вклучени: увозни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, лименки, свежо цедени сокови, услуга во соба, сладолед, турско кафе, храна и пијалоци по 01.00 часот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар покрај базенот и на плажа, бар во диско.
Доктор, чување деца, перална, хемиско чистење, фризер, продавници, изнајмување кола, телефон, факс, интернет и компјутески игри се со доплата.
Wi-Fi интернет во лобито е бесплатно.
Плажа
Хотелска песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешен базен за деца и возрасни, тобогани, фитнес центар, тениско игралиште, одбојка на плажа, пинг понг.
Со доплата: СПА и центар за убавина, турска бања, сауна, масажа, спортови на вода, билијард и компјутерски игри.
Забавни програми во текот на денот, натпревари во базенот и на плажа, вечерни забавни програми. Мини клуб за деца од 4-12 години, кино за деца.
Хотелот е реновиран во 2018 година.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
İncekum, 07470 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps