
ANTIQUE ROMAN PALACE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во областа Obakoy, 132 км од аеродромот во Анталија и 2км од центарот на Аланија
Сместување
Хотелот има 2 блока со вкупно 113 соби. Блок А, макс. 2+1 лица и Блок Б (42 соби ), макс 2+2 лица .Сите соби се со купатило со када или туш, фен, сплит клима систем , телефон, сеф (со доплата), мини бар (празен ), тепих на подот, сателитскa ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, ручек, попладне чај, кафе и колачи, вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 24.00ч. Увозни пијалоци, флаширани пијалоци, сладолед , Турско кафе , бар и А’la Carte ресторант на плажа, свежо цедени сокови се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторант со шведска маса, А’la Carte ресторант на плажa (со доплата), бар со ужина и бар покрај базенот. Доктор, перална, интернет со доплата. Wi-fi интернет е бесплатен во лобито.
Плажа
Хотелска песочна и со ситни камчиња плажа, 20м од хотелот, преку улица. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни . Душеци се наплатуваат. Нема пешкири за на плажа.
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца, лизгалица на вода, фитнес центар. Сауна, Турска бања, масажа, спортови на вода дополнително се наплатуваат. Забавени програми , Турски вечери ,еднаш неделно жива музика .Мини клуб и игралиште за деца од 4 -12 год.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Oba, Atatürk Cd. No:31, 07460 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps