Прескокни кон содржината
ANITAS HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ANITAS HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Конакли на 12 km од центарот на градот Аланија и на 120 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 120 соби во една зграда.
Стандардни соби (24 – 30 m², една спална соба, едно  купатило, макс. 2 + 2 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен за коса, клима уред, телефон, мини бар (само вода), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга

Сѐ вклучено -  шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневна ужина, полноќна супа, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 - 24.00 часот.
Не се вклучени: сите увозни пијалаци, свежо цедени сокови, пијалаци во шише и во лименка, турско кафе, храна и пијалаци после 24.00 часот.

Содржини

Главен ресторан за шведска маса, лоби бар, бар на базен.
Се доплаќаат: Доктор на барање, перална, телефон, факс, фризер, изнајмување кола.
WI - FI интернет во лоби е бесплатен.

Плажа

Хотелска плажа со камчиња.
Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.
Секоја промена на крпите се наплаќа.

Спорт и забава

Надворешни базени за возрасни и деца, фитнес сала, турска бања, пикадо, пинг-понг, одбојка на плажа.
Со доплата: сауна, масажа, спортови на вода.
Мини клуб за деца од 04 - 12 години, игралиште. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Konaklı Mh, 07491 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps