Прескокни кон содржината
ALBA ROYAL HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ALBA ROYAL HOTEL

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Colakli, оддалечен 55 км од аеродромот во Анталија и 8км од центарот на Сиде.

Сместување

Вкупен број на соби 224 распоредени во три објекти. Стандардни соби: 171 вклучувајќи 4 соби за хендикепирани лица (26m², една спална соба, едно купатило, макс. 3 лица); Супериор соби: 48 (32m², поголеми соби од стандардните, купатило џакузи, голема тераса, макс. 3 лица), Сениор суит: 8 (41m², две соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица). Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), ламинат на подот, LCD TV со сателитски програми.

Услуга

Ultra all inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладне торти, кафе, чај, доцна ужина, свежо цедени сокови за појадок, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: Премиум и луксузни увозни пијалоци, интернационални и специјални вина, послуга во соба, свежо цедени сокови освен за појадок, енергетски пијалоци, флаширани пијалоци.

Содржина

Главен ресторан Alatau – шведска маса, A’la Carte ресторани - Efendy (Турска кујна), Amadeus (Морска храна), Cubana (Мексиканска кујна), барови околу хотелскиот комплекс, пекара, Диско клуб. Доктор, услуги за перење и пеглање, фризер, продавници, телефон, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI- FI интернет конекција во Лоби и на јавни места е бесплатна.

Плажа

Хотелска приватна плажа, песочна со камчиња, лежалки и чадори се бесплатни. Пешкири на плажа со депозит. WI-FI интернет конекција на плажа дополнително се наплаќа.

Спорт и Забава

Надворешни и внатрешни базени, тениски терени, терен за одбојка, одбојка на плажа, мини фудбал, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, мини голф се бесплатни. Масажа, Спа центар, салон за убавина, сите видови спортови на вода, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, куглање, билјард дополнително се наплатуваат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми во вечерните часови, кино, жива музика, забава на плажа. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Tilkiler Mevkii, Çolaklı, Erhan Demir Blv. No:4, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps