
THRONE BEACH RESORT SPA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кизилот, на околу 80 km од аеродромот во Анталија и на 15 km од Манавгат.
Сместување
Вкупно 313 соби во главна зграда и 130 соби во Анекс згради на два ката, без лифт. Растојанието помеѓу главната зграда и анекс делот е околу 150 m. Во анекс зградите има само сместување, сите услуги и содржини се во главната зграда.
Standard rooms (28 m², една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс. 2+2 лица).
Family large rooms (40 m², една поголема спална соба со француски кревет и два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица).
Standard room Annex (22 m², една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, VRF клима, телефон, мини бар (обична и минерална вода на пристигнување), сеф (со доплата), ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне торти, чај, кафе, вечера, полноќна супа, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци до полноќ, бар на плажа со закуски во периодот помеѓу 10:00 – 16:00 часот, сладолед во одредено време.
Не се вклучени сите увозни пијалаци надвор од концептот, премиум пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалаци, услуга во соба, турско кафе, À la carte ресторани се со претходна резервација и со доплата.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторан (турска и медитеранска кујна), лоби бар, бар покрај базен и на плажа.
Со доплата се доктор, перење алишта, чување деца, фризер, телефон, факс, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола.
Wi-Fi интернет во лоби и околу базенот е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња, долга 300 m.
Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.
Има тунел под патот меѓу хотелот и плажата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, базен и тобоган во Анекс делот, тобогани, турска бања, сауна, парна бања, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни.
Со доплата се масажи, спортови на вода, велнес и СПА центар.
Забавни програми во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца помеѓу 4-12 години со дневни програми и мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Örenşehir, Throne Beach Resort & Spa, Köy Sokağı, Манавгат/Анталија, Турција
Отвори во Google Maps