Прескокни кон содржината
ALBA RESORT HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ALBA RESORT HOTEL

СидеAll Inclusive Plus Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Colakli, оддалечен 55км од аеродромот во Анталија и 8км од центарот на Сиде.

Сместување

Вкупен број на соби 445 распоредени во десет објекти. Стандардни соби: 381 вклучувајќи 4 соби за хендикепирани лица (26m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1); Стандардни соби со кревети на спрат: 20 (26m², една спална соба со француски кревет + кревети на спрат, една купатило, макс. 2+2 лица, сите соби се со поглед кон копно), Фамилијарни соби: 48 (41m², две соби одвоени со врата, едно купатило, балкон, макс. 4 лица, сите соби се со поглед кон копно), Делукс фамилијарни соби: 18 (52m², две спални соби одвоени со врата, две купатила, два балкони, макс. 4+2 лица, сите соби се со поглед кон копно). Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), тепих на подот, LCD TV со сателитски програми.

Услуга

All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладне торти и колачи, кафе, доцна ужина, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: увозни пијалоци, увозни вина, послуга во соба, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци.

Содржина

Главен ресторан Olympos – шведска маса, A’la Carte ресторани - Ophelia (Италијанска кујна), Amfora (Морска храна), барови околу хотелскиот комплекс, пекара, Диско клуб. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, фризер, продавници, телефон, факс, интернет конекција, компјутерски игри, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI- FI интернет конекција во Лоби и нa јавни места е бесплатна.

Плажа

Хотелска приватна плажа – песок и камчиња, со лежалки и ладори кои се бесплатни. Пешкири на плажа со депозит. WI-FI на плажа со доплата.

Спорт и Забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, тениски терени, терен за одбојка, одбојка на плажа, мини фудбал, фитнес центар, Турска бања, сауна, мини голф се бесплатни. Масажа, СПА центар, салон за убавина, сите видови спортови на вода, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, куглање, билјард дополнително се наплатуваат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални шоу програми во вечерните часови, кино, жива музика, забава на плажа. Мини клуб за деца од 04-12 години во текот на денот и мини диско во вечерните часови. 

Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. 
 

Локација

Çolaklı Tilkiler, Çolaklı, Erhan Demir Blv. No:3, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps