
AKRA ANTALYA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Antalya City
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа на 3 км од центарот на Анталија и 15 км од аеродромот.
Сместување
Вкупно 471 соба.
Делукс соби (26-30м², една спална, едно купатило, макс.2+1).
Конектирачки соби (60 м², една спална соба со француски кревет одвоена од другата спална со врата, во која има два единечни кревета, купатило, макс.4+2 деца).
Корнер Делукс соба (34 м², една спална со француски кревет, софа, купатило, макс. 3 лица).
Гранд делукс со поглед на море (38 м², една спална со француски кревет, софа за 2 лица, купатило, макс. 2+2 деца).
Медитерански апартман (56-65 м², еден француски кревет, софа, купатило, макс.3+1 дете).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, централна клима, телефон, бањарки, влечки, мини бар (секојдневно се полни само со вода), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, ламинатен под, сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, балкон.
Услуга
Има можност само за сместување, Ноќевање со појадок, Полупансион или Полн пансион плус. Гостите користат услуги според избраниот тип на услуга. À la carte ресторани, пијалоците и сѐ што не е наведено во концептот е со доплата.
Содржини
Главен ресторан, À la carte ресторани, Fine dining ресторан, барови низ хотелскиот комплекс. Продавници, фризер, изнајмување кола, доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, услуга во соба се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна плажа со платформа и лифт до плажа. Крпи, лежалки и чадори се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени, базени за деца. Тениски терени, фитнес центар, сауна, туска бања се бесплатни за гостите од хотелот. Спортови на вода, школа за нуркање, масажи, салон за убавина се со доплата.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Şirinyalı, Lara Cd. No:24, 07100 Muratpaşa/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps