
AKKA RESIDENCE VILLAS
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Белдиби на 15 km од Кемер, 30 km од центарот на градот Анталија и 45 km од аеродромот.
Сместување
Има седум вили, постојат два типа – Saphire Villas and Ruby Villas.
Saphire villas се на еден кат и располагаат со: една дневна соба (со дневна и трпезарија, LCD телевизор, музички сет, минибар), две спални соби - едната со француски кревет, а другата со два единечни кревети (купатило, када, туш, фен за коса, средства за лична хигиена), кујна (со фрижидер, микробранова, шпорет, електричен бокал, блендер и стерилизатор), сауна и соба за масажа со туш, посебна приватна градина со базен, џакузи, простор за седење со лежалки и чадори за сонце.
Ruby Villas се на два ката и располагаат со: една дневна соба (дневна и трпезарија, LCD телевизор, музички сет, мини бар), на горниот има две спални соби - едната со француски кревет, а другата со два единечни кревета (купатила со када и туш, фен за коса, средства за лична хигиена), кујна (фрижидер, шпорет, микробранова печка, електричен бокал, блендер, стерилизатор), посебна приватна градина со базен, простор за седење со лежалки и чадори за сонце.
Услуга
За гостите во Вилите има специјална ВИП услуга: ВИП превоз (аеродром - хотел - аеродром), брзо чекирање и специјален пакет за добредојде при пристигнувањето, ВИП бар, секојдневно користење на мини барот, секој ден свежо цвеќе, бесплатен павилјон на плажа со крпи за плажа, Ресторан - 24-часовна услуга во соба, приоритет при резервација во хотелскиот À la Carte ресторан, приоритет на резервација на СПА, машина за перење и даска за пеглање, специјален попуст за услуга за перење алишта, бесплатен шатл превоз до сите капацитети на хотелскиот комплекс АККА.
Спорт и забава
Спорт и забава во хотел AKKA Antedon: отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, кошарка, одбојка на плажа, мал фудбал, пинг-понг се бесплатно.
Wellness & SPA центар, масажа, осветлување на тениските терени, тениска опрема, спортови на вода, билијард дополнително се наплаќаат.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми, кино и музика во живо. Организиран Akka Mini клуб за деца од 7-12 години со надзор од стручен персонал, детски базен, игралиште, кино, разни забави.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Beldibi, 07985 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps