Прескокни кон содржината
ADALYA BLISS
Повлечи за повеќе слики

ADALYA BLISS

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки на 10 km од Сиде и 65 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 210 соби во две згради.

Standard rooms (30 m², една спална соба со дупли кревет, единечен кревет и едно купатило, макс.3 лицa).

Superior comfort sea view room (30м², една спална соба со дупли кревет, единечен кревет и едно купатило, макс.2 + 1 + бебе).

Family rooms (55 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица) и

2 соби за лица со попреченост. Собите се со приватно купатило со када и туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (се дополнува со вода и сокови секој ден, пиво има само при пристигнување), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), LCD TV со сателитски програми, WI-FI интернет, балкон.

Услуга

Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладне кафе, колачи, закуски, вечера, закуска доцна навечер, локални и неколку увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови во денот, мини бар во собите, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот.

Не е вклучено: луксузни увозни пијалаци, сите локални и увозни флаширани вина, увозен шампањ, турско кафе, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Tugra – турски ресторан, Steak House – кујна со стек, италијански и рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет катче, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во целиот хотел е бесплатна.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, тениски терен, пинг понг се бесплатни. Со доплата: масажа, SPA и центар за убавина, осветлување за тениски терени, билијард, сите спортови на вода. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми во вечерните часови.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Evrenseki, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps