Прескокни кон содржината
ADALYA ELITE LARA
Повлечи за повеќе слики

ADALYA ELITE LARA

ЛараUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Lara

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Лара на 10 km од аеродромот и на 15 km од центарот на Анталија.

Сместување

Вкупно 606 соби.

Standard rooms (32 m², една спална соба со еден француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+2 лица).

Family rooms (50 m², две спални одвоени со врата и едно купатило, макс. 4 лица).

Standard superior Comfort Sea view rooms (32 m², една спална соба со еден француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, поглед на море, макс.2+1 лица), соби за лица со попреченост.

Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, VRV клима систем, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво се дополнува секојдневно), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, wi-fi интернет, ламинатен под, балкон.

Услуга

Ултра Сѐ вклучено – 24 часа услуга за храна и пијалаци - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот и навечер, 24 часа храна и пијалаци, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, мини бар со сокови, вода и пиво се дополнува секојдневно, сладолед во попладневните часови.

À la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш во текот на престојот (освен ресторанот со морска храна Halikarnas). Луксузни увозни пијалаци, флаширани пијалаци, специјални вина, увозни вина, енергетски пијалаци, наргиле и услуга во соба се со доплата.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Bosphorus - турски, Especias – мексикански,  Basilico - италијански, Cai – далечен исток, Halikarnar – ресторан со морска храна, слаткарница, барови околу хотелскиот комплекс и на плажа.

Доктор, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола дополнително се наплаќаат. WI-FI Интернет е бесплатен во целиот хотел.

Плажа

Хотелска плажа со песок и камчиња. Лежалки на плажа, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни. Приватни павилјони се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, полуолимписки базен со систем за греење, Аква Парк, тениски игралишта, одбојка на плажа, гимнастика, турска бања, сауна, парна бања, џакузи.

Со доплата: спортови на вода, осветлување на тениските игралишта, билијард, сите масажи и третмани во СПА центарот.

Забавни програми во тек на денот покрај базен и на плажа, натпревари и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца 4-12 години со специјални програми во тек на денот и во вечерните часови, мини диско.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  

2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.  

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.  

» Аеродромски такси.  

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.  

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).  

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.  

» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  

» Задолжително здравствено патничко осигурување.  

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Kemerağzı Mahallesi Tesisler Caddesi Kemerağzı Mah, Kundu, Yaşar Sobutay Bulvarı No:416 D:1, 07112 Aksu/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps