
ADALYA ART SIDE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки на 10 km од Сиде и 65 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 417 соби во три згради.
Standard rooms (29 m², една спална соба со дупли кревет, единечен кревет, софа, едно купатило, макс.2+2 лица).
Standard rooms with bunk bed (32 m², една голема соба со дупли кревет, кревети на спрат за деца, едно купатило, макс.2+2 лица).
Family connection rooms (57 m², две одвоени соби, едната со дупли кревет, а другата со два единечни кревети, едно купатило, макс.4 лица) и
2 соби за лица со попреченост.
Собите се со приватно купатило со туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (сокови на пристигнување, подоцна обична и минерална вода се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), LCD TV со сателитски програми, WI-FI интернет конекција, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладне торта, колачи, закуски, вечера, закуска доцна навечер до 07:00 часот наутро, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови во денот, мини бар во собите, À la Carte ресторани со претходна резервација еден ден претходно и еднаш во текот на престојот, бар и ресторан на плажа од 10:00 до 18:00 часот.
Не е вклучено: премиум увозни пијалаци, свежо цедени сокови, турски и увозни флаширани вина, увозен шампањ, флаширани пијалаци, услуга во соба, сите пијалаци во диско клубот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (италијански, турски, ресторан со морска храна, со скара и кинески), бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот, барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата во лобито е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 300 m од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Нема превоз до плажата.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни.
Со доплата: масажа, SPA и центар за убавина, куглање, билијард, осветлување за тениски терени, сите спортови на вода. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 4 - 12 години.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Evrenseki, 18 Sokak N.1, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps