Прескокни кон содржината
VOGUE SUPREME BODRUM
Повлечи за повеќе слики

VOGUE SUPREME BODRUM

БодрумUltra All Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во Торба, на 27 км од аеродромот и на 8 км од центарот на Бодрум.

Сместување

Хотелот располага со 730 соби и 52 вили, распоредени во главна зграда на 5 ката и во помошни објекти во хотелскиот комплекс. Сите соби имаат бања, фен, мини бар, сеф, дел за седење, бањарки, влечки, сателитска ТВ, сет за кафе и чај, Wi-Fi интернет.
Стандардни соби во анекс зграда 32 м², во бунгалови, поглед кон градина, макс. 2 лица.
Супериор соби во анекс зграда 50-55 м², макс.2+1, еден француски кревет и софа, во бунгалови, поглед кон градина.
Супериор соби со поглед на копно или море 50-55 м², во главна зграда, еден француски кревет, еден единечен кревет.
Корнер Делукс соба 75 м², голема тераса, поглед кон градина, во главна зграда.
Фамилијарна соба во анекс зграда во бунгалови, 75 м², две спални соби, една бања, поглед кон градина.
Фамилијарен апартман со поглед на копно или море во главна зграда, 75 м², две спални соби одвоени со врата, бања.
Конектирачки соби во анекс зграда 90 м², две посебни спални соби одвоени со конектирачка врата, две бањи.
Соби за лица со попреченост (супериор соби во анекс и главна зграда).
Хотелот ги има и вили: Афродита, Аполон, Посејдон, Хермес, и претседателска вила. Гостите од вилите имаат ВИП концепт и привилегии.

Содржини

Главен ресторан со шведска баса, А la carte ресторани, посебен дел за деца во главниот ресторан, барови низ хотелскиот комплекс, слаткарница. Wi-Fi интернет е бесплатен во хотелот.
Со доплата: доктор, перење и пеглање алишта, телефон, факс, чување деца, изнајмување кола, продавници, салон за убавина, фризер, фотограф, и сѐ останато што не е наведено во  концептот.

Спорт и забава

Отворени базени за возрасни и деца, тематски парк Candyland со 33 тобогани за возрасни и деца, луна парк, дино парк, тениски терени, терени за кошарка, фитнес центар, , аква парк, ватерполо, одбојка на плажа, пикадо, бока, табла, пинг понг, зумба, пилатес, јога.
Забавни програми за возрасни и деца во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца 4-7 год, и Тинејџерски клуб 8-14 год со разни активности според возраста.
Со доплата: третмани и масажи во СПА центарот, пилатес, јога, спортови на вода, часови по тенис, одредени игри во Candyland, приватен инструктор по фитнес.

Услуга

Услугата во хотелот е ултра се вклучено коктел за добредојде со освежтелни пијалаци, локум и аптеисани, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ноќна закуска, специјално мени (за храна без глутен, лактоза) достапно на барање, детско и диететско бифе, ресторани со закуски, дел со брза храна, слаткарница, свежо овошје, сладолед, Candyland дел со закуски, ѓозлеме, лоби бар, coffee house,  ноќен клуб, бар на плажа, сокови и пиво, свежи сокови во Витамин барот (некои сокови се со доплата), свежо кафе и чај, локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, А la carte ресторани (италијански, турски, рибен, јапонски) се со претходна резервација и бесплатно еднаш за престој.
Со доплата: увозни пијалоци, премиум пијалоци, пијалоци во шише и лименка, некои свежо цедени сокови во Витамин барот, храна и пијалаци во Candyland, À la carte ресторани (стек хаус, ресторан на плажа, јапонски) се со доплата и претходна резервација, услуга во соба и сѐ останато што не е наведено во  концептот.

Плажа

Хотелот има сопствена  плажа долга 750 м, со бел песок и ситни камчиња. Лежалки, чадори и пешкири за  плажа се бесплатни.
Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата. 

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

Usuluk Koyu, Torba, No:10, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps