Прескокни кон содржината
TUI MAGIC LIFE BODRUM (ADULTS ONLY 16+)
Повлечи за повеќе слики

TUI MAGIC LIFE BODRUM (ADULTS ONLY 16+)

БодрумAll Inclusive

Положба

Хотелот се наоѓа на околу 45 km од аеродромот и на околу 4 km од центарот на Бодрум.

Сместување

Вкупно 375 соби.
2 соби за лица со попреченост.
Стандардни соби (34 m², еден дупли кревет, поглед кон градина, купатило, макс. 2 лица).
Superior large соби (33 m², еден дупли или два единечни кревети, софа, купатило, поглед кон море или градина, макс. 3 лица).
Супериор соби (22 m², поглед кон море, еден дупли или два единечни кревети, купатило, макс. 2 лица).
Супериор апартман (60 m², една сплана соба одвоена со врата од дневна соба, поглед на море, макс. 2 лица).
Јуниор апартман во главна зграда (48 m², една поголема спална соба со софа / дополнителен кревет на расклопување, едно купатило, поглед кон море, макс. 3 лица).
Стандардни големи соби (во главна зграда, 26 m², два единечни кревети, софа, купатило, макс. 2 лица).
Стандардни соби без балкон (во главната зграда, 22 m², два единечни крвети, софа, купатило, макс. 2 лица). Стандардни соби во главна зграда (22 m², поглед кон градина, еден дупли кревет или два единечни, софа, купатило, макс. 2 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш или када, фен, клима, телефон, сателитска ТВ и музички канали, мини бар, сеф, плочки на подот, електричен бокал, сет за кафе и чај, тераса или балкон (освен некои стандардни соби).

Услуга

Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек (во ресторанот на плажа), вечера, слаткарница, закуски касно навечер, À la carte ресторани се со претходна резервација и бесплатни еднаш во текот на престојот, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци во периодот од 10:00-02:00 часот, Wunderbar Coffee House, бар покрај базен и на плажа, аква бар.
Не е вклучено: увозни алкохолни пијалаци, Premium Bar, свежо цедени сокови, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, ресторан на плажа, два À la carte ресторани, барови низ хотелскиот комплекс, диско.
Со доплата се: доктор на повик, перење алишта, продавници, телефон, салон за убавина, фризер, специјални приватни организации, изнајмување кола.
Wi-Fi интернет е бесплатен во лоби.

Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња.
Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.
Кабаните на плажа се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени, сауна, турска бања, тениски терени, осветлување и групни часови по тенис, пинг понг, ватерполо, одбојка на плажа, стрелаштво, пикадо, бока, фитнес центар, аеробик, аква фитнес, зумба, јога и пилатес.
Со доплата се: сите спортови на вода, масажи и третмани во спа центарот, приватни часови по тенис, фитнес тренинг со личен тренер.
Забавни програми во текот на денот, музика во живо два пати неделно, забави неколку пати неделно, диско, кино на отворено. 

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

KIZILAĞAÇ MAH. İÇMELER KÜMEEVLERİ NO:60, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps