Прескокни кон содржината
THE PLAZA BODRUM (ex. BE PREMIUM BODRUM)
Повлечи за повеќе слики

THE PLAZA BODRUM (ex. BE PREMIUM BODRUM)

БодрумPremium All Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во Торба, на 22 км од аеродромот и околу 8 км од центарот на Бодрум.

Сместување

Хотелот располага со 311 соби распоредени во главна зграда, анекс згради, апартмани, Малдиви, вили и палата.
Студио соби со поглед на море или градина 25-35 m², една спална соба со француски кревет, бања со туш, балкон или тераса, ТВ, макс. 2 лица.
Супериор соби со поглед на море 40-55 m², една спална соба со француски кревет, бања со туш, ТВ, балкон или тераса, макс. 2 +1.
Делукс соби со директен пристап на базен - собите на приземје се со директен пристап на базен, а собите на кат со поглед кон море 90 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревета, софа, бања со туш, џакузи во соба, гардеробер, биро, балкон или тераса, завеси со далечинско управување, макс. 2 +2 деца или 3 возрасни.
Премиум апартман 120 m², со поглед кон море, приватен базен и градина, бања со туш, џакузи на тераса, софа, гардеробер, биро, тераса, завеси со далечинско управување, макс. 2 возрасни +1 дете + бебе или 3 возрасни.
Гранд апартман 145 m², со поглед на море, приватен базен и градина, 2 спални соби (една со француски кревет, другата со два единечни кревети), софа, бања со туш, џакузи на тераса, биро, тераса, завеси со далечинско управување, макс. 4 возрасни лица +1 дете + бебе или 5 возрасни лица.
Малдиви апартман  110 m², со поглед кон море, приватен инфинити базен, една спална соба со француски кревет, џакузи на тераса, гардеробер, завеси со далечинско управување, макс. 2 возрасни + бебе.
Малдиви вила  195 m²,  на два ката со поглед на море. Секоја соба има ТВ, завеси со далечинско управување. На приземје има приватен инфинити базен, една спална со француски кревет со дел за дневен престој, трпезариска маса, кујна, бања со туш, џакузи на тераса. На горниот кат има една спална со француски кревет, гардеробер, бања со туш, балкон, макс. 2 возрасни + 2 деца + бебе или 4 возрасни лица.
Делукс вила  245 m² на два ката со поглед на море, приватен базен и градина, ТВ и завеси со далечинско управување во сите соби. На приземје има една соба за дневен престој, една спална соба со два единечни кревета, бања со туш, гардеробер, тераса, џакузи на тераса. На горниот кат има една спална соба со француски кревет, бања со туш, гардеробер, макс. 4 возрасни +1 дете + бебе или 5 возрасни.
Премиум вила  535m², на два ката со поглед на море, лифт, ТВ и завеси со далечинско управување во секоја соба. На приземје има приватен базен, една спална со два единечни кревети, бања со туш, гардеробер, соба за дневен престој, терпезариска маса, кујна, платформа за сончање, лулашка. На горниот кат има 3 спални соби, една е главна спална соба со француски кревет, гардеробер во секоја соба, бања со туш, џакузи во главната спалана соба. Максимум капацитет 8 возрасни или 6 возрасни и 2 деца или 4 возрасни и 4 деца.
Гранд вила  725 m², на два ката, со поглед кон море, лифт, ТВ и завеси со далечинско управување во секоја соба. На приземје има приватен базен, една спална соба со два единечни кревета, купатило со туш, гардеробер во спалната соба, дневна соба, дел за седење и трпезариска маса, кујна, внатрешен базен, турска бања, сауна, туш, купатило, лента за трчање, платформа за сончање, летниковец на тераса. На горниот кат има 4 спални соби со единечни кревети, една главна спална соба со кружен кревет и џакузи, бања со туш, гардеробер или плакар во сите соби, соба за масажи, статичен велосипед. Максимум капацитет 10 возрасни или 8 возрасни и 2 деца или 6 возрасни и 4 деца.
Палата  2000m², на 3 ката, со 2 посебни лифта за гостите и персоналот. Палатата се наоѓа пред морето, има приватна плажа, приватна платформа и 2 кабани. Приватен гардеробер и кабини за туширање во кабаните. 2 одвоени сопствени базени (еден со морска вода), сопствена градина, летниковец со терпезариска маса и платформа за сончање.
На приземје има 2 спални со француски кревети, џакузи, туш, гардеробер секоја соба, една голема дневна соба, терпезариска маса, две кујни (една професионална), Спа (внатрешен базен, турска бања, сауна, парна бања, ice fountain, туш, лента за bucket shower, одење, статичен велосипед, простор за масажа).
Прв кат 3 спални соби со француски кревети, џакузи, купатило со туш, гардеробер во секоја соба, соба за дневен престој и тераса.
Втор кат - главна спална соба (со голем француски кревет 300 х 220 цм), соба за дневен престој, бања со туш, џакузи, гардеробер, тераса, макс. 12 возрасни лица. Во секоја соба има ТВ и завеси со далечинско управување.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, А La Carte ресторани (италијански, Далечен Исток, Среден Исток, скара, морска храна, турски, интернационален), ресторани со закуски, барови низ хотелскиот комплекс. Wi-Fi интернет е бесплатен низ целиот хотел.
Со доплата: доктор, медицинска сестра, перење и хемиско чистење, изнајмување кола, продавници, фотограф, фолија за багаж, фризер, приватен трансфер, маркет, цвеќарница.
Хотелот нуди специјални услови за лица со попреченост – специјални лежалки на плажа, лифт во базен, лесен пристап до содржините на хотелот, инвалидски колички, резервација на маса во рестораните, и сл.

Спорт и забава

Базени за возрасни и деца. јога и медитација, едрње (за лиценцирани гости), курс по танцување, водна гимнастика / зумба, пилатес, степ аеробик, пинг понг, фитнес центар, бесплатен превоз до голф терените, внатрешен базен, сауна, руска сауна, парна соба, турска бања, финска сауна.
Со доплата: третмани за убавина, масажа, услуги во ВИП СПА, џакузи за парови, третмани во турска бања спортови на вода, приватни часови за пливање и нуркање, фитнес програма со личен тренер, изнајмување кола и велосипед, возење со брод, хеликоптер, приватни тури.
Забави, часови по танц, дневни турнири, танцови претстави, музика во живо, ноќни забави, дискотека, разновидни други анимации, натпревари и забава за деца и разновидна и атрактивна забавна програма во текот на денот и вечерните часови за возрасни.

Услуга

Премиум се вклучено  24 часа храна и пијалаци. На пристигнување има бесплатен шампањ, чоколадо, јаткасти плодови и локум, специјални пијалаци за деца, шише вода, крпчиња за освежување и влажни марамчиња при заминување.
Шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, диететска храна, свежо цедени сокови, кафе, чај, закуски во бар покрај базен и во бар на плажа, локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, детокс бар, бар за чај и кафе во главниот ресторан, детско мени во главниот ресторан и во слаткарниците (специјални оброци за деца со режим на исхрана), свежо овошје покрај базените и на плажа, сладолед во À La Carte рестораните, пијалоците се служат во стаклено шише во сите барови, енергетски пијалаци, селектирани трпезни вина во сите ресторани и барови, свежо цедени сокови од овошје и зеленчук во главниот ресторан.
Гостите од вилите имаат посебен ВИП концепт, мозе да користат бесплатно А La Carte ресторани, услуга во соба.
Со доплата се: А La Carte рестораните, наргиле, специјални аранжмани за роденден и годишнина.

Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња, вкупно 1000м долга (200м песок, 120м дрвена платформа, 580м ситни камчиња), една главна платформа.
Лежалки, чадори и пешкири за на плажа се бесплатни.
Павилјоните се со доплата и претходна резервација.
Плажата за вилите е песочна, долга околу 100м.

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

Zeytinlikahve Mevkii, Herodot Bulvarı, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps