Прескокни кон содржината
SIANJI WELL BEING RESORT
Повлечи за повеќе слики

SIANJI WELL BEING RESORT

БодрумUltra All Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во Тургутреис, на 20 км од центарот на Бодрум и на 49 км од аеродромот.

Сместување

Хотелот располага со  100 апартмани и вили. Сите соби имаат поглед на море и базен, градина или тераса, бања, фен, клима, телефон, мини бар (сокови и вода на пристигнување, потоа со доплата), сеф, ЛЦД ТВ со сателитски програми (во спалната и дневните соби).
Deluxe room 40-55 m², една спална соба со француски кревет, фотелја, макс. 2 лица.
Connection room 80 m², две спални соби со француски кревети и фотелји, поврзани со врата, една бања, макс. 4 лица.
Loft suite 92 m², дуплекс, има една спална соба со француски кревет, една дневна соба на долниот кат и фотелја, бања со туш и џакузи, поглед кон море, макс. 3 лица.
Penthouse 180 m², две спални соби, една дневна соба, бања со када, поглед на море, тераса, макс. 4 лица.
Villa Sea View 93m², на еден кат или дуплекс вила со 2 или 3 спални соби, една дневна соба, поглед на море, макс. 6 лица.
Villa Swim up 101 m², дуплекс вила со 2 или 3 спални соби и една дневна соба, директен пристап до базен од дневната соба, макс. 6 лица.

Содржини

Главен ресторан, А la carte ресторани, барови низ хотелскиот комплекс. Wi-Fi интернет е бесплатен низ хотелот.
Со доплата: доктор, перење алишта и хемиско чистење, чување деца, телефон, фотокопир, изнајмување кола / брод / хеликоптер / авион, услуги на марината, продавници, фризер, фотограф.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, таласо базен со таласотерапија, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, пинг понг, кошарка, мини фудбал, фитнес центар, немоторизирани спортови на вода. Забавни програми во текот на денот, мини клуб за деца 4-12 години.
Со доплата: осветлување за тениски терени, приватни часови, моторизирани спортови на вода, приватни часови по пилатес и јога, школа за нуркање, масажи и третмани во СПА центарот, детокс програми, консултации со специјалист, анализа на телото, озонска сауна, сауна со инфрацрвени зраци.

Услуга

Услугата во хотелот е ултра се вклучено  пијалак за добредојде, шведска маса за појадок, ручек, попладне закуски, вечера, полноќна супа, кафе, чај, колачи, овошје и сладолед во одредено време во денот, лоби бар, покрај базен и на плажа, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци помеѓу 10:00-00:00 часот.
Со доплата: премиум увозни пијалаци, VSOP коњак, специјални локални и увозни вина, специјални алкохолни пијалаци , А la carte ресторан (задолжително е претходна резервација и доплата), услуга во соба, свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, храна и пијалаци после полноќ.

Плажа

Хотелот има сопствена  плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за  плажа се бесплатни. Павиљоните се со доплата.

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

Peksimet, Kadıkalesi Mevki, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps