Прескокни кон содржината
SELECTUM COLOURS BODRUM
Повлечи за повеќе слики

SELECTUM COLOURS BODRUM

БодрумUltra All Inclusive

Положба

Хотелот се наоѓа во Ѓумбет, на 4 км од ценатрот на Бодрум и 35 км од аеродромот.

Сместување

Хотелот располага со 496 соби сместени во 43 блокови на 2 или 3 ката и главна зграда.
Сите соби имаат балкон или тераса, поглед кон градина или море, бања со туш кабина и фен, гарнитура за седење на тераса, сеф, телефон, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (секојдневно се полни со вода, сокови и пиво), плочки на подот, бањарка (на барање), влечки, фен, WI-FI, централна клима, електричен бокал, сет за чај и кафе, секојдневно чистење соби.
Стандардни соби со поглед на море и градина 23 m², една спална, макс. до 3 лица.
Стандардни соби со кревети на спрат 23 m², една спална со француски кревет и кревети на спрат,макс.2+2 лица.
Дуплекс фамилијарни соби 36 m², 2 спални соби - едната со француски кревет и другата со два единечни кревети, едно бања, макс. 4 лица.
Хотелот има и соби за лица со попреченост.
Хотелот е реновиран во 2023 година.

Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À La Carte ресторани со турска, италијанска, медитеранска кујна, барови околу хотелскиот комплекс, диско бар. Wi-Fi интернет е бесплатен насекаде во хотелот.
Со доплата: доктор, перење алишта и хемиско чистење, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување коли.  

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, релакс базен само за возрасни (+15), тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терен, пинг понг, кошарка, мини фудбал, одбојка на плажа, гимнастика, јога, часови по танцување, билијард, пикадо, ватерполо. Забавни програми во текот на денот, покрај базен и на плажа, натпревари и разни игри, а навечер шоу програми, музика во живо во одредени денови. Мини клуб за деца од 4-7 год, Џокер клуб за деца 8-12 год и Тин клуб за деца од 13-16 год со разни програми во текот на денот и навечер.
Со доплата: спортови на вода, осветлување на тениски терени, часови по тенис, школа за нуркање, масажи и центар за убавина.

Услуга

Услугата во хотелот е ултра се вклучено  шведса маса за појадок, ручек, закуски во текот на денот, вечера, ноќни закуски. А La Carte ресторани (италијански, турски, медитерански, со морска храна) бесплатни еднаш за време на престој од мин. 5 ноќевања со претходна резервација. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, бар со закуски на плажа од 10-18.00 часот, слатки и колачи, сладолед, вафли и свежо овошје.
Со доплата: специјални увозни пијалаци кои не се на листата, пијалаци во шише или лименка, специјални локални и увозни вина, свежо цедени сокови, повторно користење на А La Carte рестораните.

Плажа

Хотелот има приватна плажа со песок и камчиња, со три платформи.
Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа и покрај базен се бесплатни.
Павилјоните се со претходна резервација и доплата.

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

Gümbet, Adnan Menderes Cd. No:63, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps