
SELECTUM COLLECTION BODRUM( EX KAIRABA BODRUM IMPERIAL)
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Акијалар, на 53 km од аеродромот во Бодрум, 18 km од центарот на Бодрум и 11 km од областа Тургутреис.
Сместување
Хотелот располага со 375 соби. Собите се распоредени во 2-катни и 3-катни објекти.
Сите соби имаат бања со туш кабина или када, клима, ТВ со национални и интернационални програми, фен, телефон, сеф, мини бар (сокови и вода се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, тераса или балкон, бањарка и влечки, електричен бокал, сет за чај и кафе, WI-FI интернет.
Стандардни соби со поглед на копно или море 24 м², една спална соба, една софа,макс. 3 лица.
Стандарни соби со кревети на спрат 24 м², една спална со кревет на спрат,макс. 2+2.
Фамилијарни соби со две спални 40 м², две спални соби,поглед на копно, макс. 4 лица.
Апартмани 60 м², со поглед кон море, две спални соби, две бањи, просторија за дневен престој, макс. 2 + 2.
Хотелот има и соби за лица со попреченост.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À La Carte ресторани (италијанска, турска кујна и рибен ресторан), барови низ хотелскиот комплекс. WI-Fi интернет низ хотелот е бесплатен.
Со доплата: доктор, чување деца, перење и пеглање алишта, изнајмување кола, продавници, фризер, телефон, факс, фотограф и сѐ друго што не е наведено во концептот.
Спорт и забава
Хотелот располага со отворени и затворен базен за возрасни и деца, топогани, кошарка, тениски терени, пинг понг, мини голф, фитнес центар. Дневни и вечерни анимации за возрасни и деца, музика во живо неколку пати неделно.Мини клуб за деца и детско игралиште
Со доплата: масажи и третмани во СПА центарот, спортови на вода, осветлување на тениски терени и опрема.
Услуга
Услугата во хотелот е ултра се вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, полноќни закуски во главен ресторан, À La Carte ресторани (италијанска, турска кујна и рибен ресторан) бесплатно еднаш за време на престој од мин.7 дена со претходна резервација, бар на плажа со закуски и пијалаци, бар на базен, La Noche бар работи 24 часа, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Со доплата: увозни пијалаци кои што не се на менито од концептот, свежо цедени сокови, пијалаци во шише и лименка, сладолед, услуга во соба и сѐ што не е наведено во концептот.
Плажа
Хотелот има приватна плажа со камчиња и песок.Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа се бесплатни.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Bankev Cad. No:39, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps