
SAMI BEACH HOTEL
Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Ѓумбет, на околу 4 km од центарот на Бодрум и на околу 45 km од аеродромот Милас.
Сместување
Хотелот располага со 164 соби распоредени во една главна зграда на 3 ката, и помошни објекти. Сите соби имаат клима, мини бар (едно шише вода дневно), фен, клима, бања со туш, телефон, сателитска ТВ, балкон или тераса. Некои соби имаат мал балкон. Само собите на приземје имаат тераса. Сите соби се декорирани во традиционален турски стил со дрво.
Standard rooms 16-26 m², макс. 3 лица.
Annex rooms 16-26 m², макс. 3 лица.
Содржини
Хотелот има главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторан, бар на плажа. Wi-Fi интернет е бесплатен на јавните површини на хотелот.
Со доплата: доктор на барање, перење алишта, сеф (во лоби), фризер.
Хотелот е реновиран во 2022 година (65 соби), и во 2023 година (35 соби, дел од јавните површини, надворешен ресторан, базен, лоби).
Спорт и забава
Надворешен базен за возрасни и деца, мало игралиште за деца, пинг понг, пикадо, билијард. Забавни програми навечер и тематски вечери.
Со доплата: спортови на вода, турска бања и сауна, јога.
Услуга
Услугата во хотелот е се вклучено шведска маса за појадок, ручек, вечера, закуски во одредено време од денот, попладне кафе и чај, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци помеѓу 11:00-23:00 часот.
Со доплата: сите увозни пијалаци, флаширани пијалаци, À la carte ресторан, Mango ресторан на плажа, храна и пијалаци на плажа, и сѐ останато што не е наведено во концептот.
Плажа
Хотелска плажа (приватен дел од јавна плажа) со бесплатни лежалки и чадори. Пешкирите за базен и за плажа се со депозит.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Gümbet, Ayaz Cd. No:18, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps