Прескокни кон содржината
SALMAKIS BEACH RESORT & SPA
Повлечи за повеќе слики

SALMAKIS BEACH RESORT & SPA

БодрумUltra All Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во Ѓумбет, на 35 км од аеродромот и 1 км од центарот на градот.

Сместување

Хотелот располага со 212 соби. Сите соби имаат бања со туш или када, фен, телефон, мини бар (секојдневно се полни со сокови), сеф, ЛЦД телевизор со сателитски програми и музички канали, интернет, балкон или тераса, клима, електричен бокал, сет за кафе и чај.
Standard rooms 25 m², поглед на море или градина, еденфранцуски кревет или два единечни кревета, макс. 2+1.
Family rooms 40 m², поглед на градина или море, две посебни спални одвоени со врата, во едната спална има француски кревет, во другата единечен кревет и две софи на расклопување, макс. 3+1.
Junior Suite 75 m², поглед на море или градина, една спална со француски кревет, една дневна соба со дел за седење и трпезариска маса, бања со џакузи, макс. 3+1.
King suit 94 m², поглед на море, една спална соба, една дневна соба, бања со џакузи, макс. 3+1.
Хотелот има соби за лица со попреченост.

Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторан (рибен), лоби бар, бар на плажа, бар покрај базен, слаткарница, ресторан со закуски.
Доктор на барање, медицински услуги, продавници, фризер, фотограф, телефон, факс, чување деца, перење алишта, интернет кафе и сѐ останато што не е наведено е со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен низ хотелот.

Спорт и забава

Надворешни и вантрешни базени за возрасни и деца, билијард, тениски терени, пикадо, пинг понг, стрелаштво, водна гимнастика, зумба, ватерполо, фитнес центар, турска бања, сауна, џакузи, парна соба се бесплатни. Забавни анимации во текот на денот и навечер, музика во живо и DJ. Мини клуб за деца помеѓу 4-12 години со разни активности.
Со доплата: масажа, третмани во СПА центарот, осветлување и опрема за тениските терени и сѐ останато што не е наведено.

Услуга

Услугата во хотелот е ултра се вклучено  шведска маса за појадок, ручек, вечера, полноќна закуска (во лоби), А la carte ресторан е со претходна резервација и бесплатно еднаш во текот на престојот, закуски во текот на денот, свежо цеден сок од портокал за појадок, сладолед и овошје во одредено време, чај, кафе, колачи, десерти, локални стандардни алкохолни и безалкохолни пијалаци во лоби барот, баровите покрај базен и на плажа.
Со доплата: некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци и специјални вина, свежо цедени сокови (освен за појадок), флаширани пијалаци, услуга во соба, повторна употреба на А la carte ресторанот, и сѐ останато што не е наведено во концептот.

Плажа

Хотелот има сопствена плажа со песок и камчиња, долга околу 60м, има и платформа. Лежалки, чадори и пешкири за  плажа се бесплатни. 

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

Bardakcı Koyu, Eskiçeşme, Salmakis Cd. No:7, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps