
RIXOS PREMIUM BODRUM
Локација
Хотелот се наоѓа во местото Торба. Оддалечен е 10 км од центарот на Бодрум и 25 км од аеродромот Милас во Бодрум.
Сместување
Хотелот располага со вкупно 186 соби и 17 вили.Сите соби имаат бања со када или туш кабина, фен, папучи, бањарка, централна клима, директна телефонска линија, сеф, сет за кафе и чај, мини-бар, Wi-Fi интернет, балкон или тераса.
Делукс соба со поглед кон градина 39 м², спална соба, бања, макс. 2+1 лица.
Делукс соба со поглед кон море 42 м², спална соба, бања, макс. 2+1 лица.
Премиум соба 52 м², спална соба, бања, макс. 2+2 лица.
Суит 54 м², спална соба, дневна соба, бања, макс. 2+2 лица.
Супериор суит 93 м², две спални соби, дневна соба, бања, макс. 4+2 лица.
Егзекутив соба 89 м², спална соба, бања, макс. 2+1 лица.
Егзекутив суит 119 м², две спални соби, дел за седење, две бањи, макс. 4+1 лица.
Гранд егзекутив суит 118 м², две спални соби, дел за седење, две бањи, макс. 4+1 лица.
Гранд егзекутив суит со тераса 177 м², две спални соби, дел за седење, две бањи, макс. 4+1 лица.
Панорама вила 400 м², две главни спални соби, две детски спални соби, бања во секоја соба, дневна соба, кујна, приватен базен и тераса со лежалки, макс. 4+2 лица.
Супериор вила 600 м², пет спални соби, две големи дневни соби, бањи, кујна, приватен базен и тераса со лежалки, макс. 4+2 лица.
Егзекутив вила 840 м², шест спални соби, помошна соба, шест бањи, џакузи во главната бања, голема дневна соба, кујна, приватен базен, тераса со лежалки, макс. 10+2 лица.
Перл вила 600 м², пет спални соби, пет бањи, сауна, две големи дневни соби, кујна, приватен базен, тераса со лежалки, макс. 8+2 лица.
Претседателска вила 1310 м², пет спални соби, пет бањи, џакузи во главното купатило, спа, фитнес опрема, голема дневна соба, кујна, приватен базен, тераса со лежалки, макс. 8+2 лица.
Дијамант вила 1668 м², четири мастер суити, три суити, вкупно седум спални соби, посебна када во главната бања, спа, голема дневна соба, кујна, приватен базен, тераса со лежалки, макс. 12+2 лица.
Содржини
Главен ресторан на база на шведска маса, a la carte ресторани: италијански ресторан, грчки ресторан, азиски ресторан и Steak ресторан, барови во рамките на хотелскиот комплекс. Wi-Fi интернетот е бесплатен.
Со доплата: фризер, rent a car, продавници, лекарска услуга, телефон, факс.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за деца и возрасни, пилатес, јога, тенис, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, забавна програма во текот на денот, вечерни шоу-програми. Мини клуб за деца: Happy Babies (0–3 години), Groovy Kids (4–7 години), Indigo Kids (8–12 години), Teen Age (13–16 години), детско игралиште.
Со доплата: осветлување на тениските терени, фудбалско игралиште, осветлување на фудбалското игралиште, маникир, педикир, масажа, третмани за лице и тело.
Услуга
Услугата во хотелот е Ultra All Inclusive на база на шведска маса, со избор на повеќе јадења за појадок, ручек и вечера, ужини во текот на денот, слаткарница, a la carte ресторани, домашни и одредени увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Со доплата: одредени увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, како и премиум алкохолни пијалаци.
Плажа
Хотелот има приватна песочна плажа. Лежалки и чадори за сонце на плажата се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и се доплаќаат.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Zeytinlikahve Mevkii, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps