
LUJO HOTEL BODRUM
Локација
„Lujo“ е исклучително луксузен хотел со целосно нов, освежувачки концепт. За првпат ги отвори вратите за гостите во мај 2018 година. Се простира на површина од 121.000 м². Аеродромот Милaс во Бодрум е оддалечен 15 км, а центарот на градот околу 20 км од хотелот. Местото Гуверчинлик е оддалечено 4 км од хотелот. Низ целиот комплекс гостите можат да се движат со помош на подвижни скали и баги возила, па лесно можат да го користат хотелските содржини.
Сместување
Хотелот се состои од 9 четирикатни и 5 двокатни каскадно распоредени блокови и 7 вили. Располага со голем број соби поделени во дури 30 различни категории. Сите соби имаат централна клима, WiFi интернет, ТВ, IPTV систем, сет за чај и кафе, кетлер и Неспресо капсули за апаратот за кафе, вага, smart room контролен систем, сеф, телефон, избор на душеци и перници, бренд козметика, фен за коса, пегла и даска за пеглање, мини и макси бар (газирани и негазирани пијалоци, вода, пиво, вино, закуски за деца, чоколади на барање – бесплатно), балкон или тераса.Семејните соби и вилите имаат детски бањарки и влечки и козметика за деца.
Superior соба со поглед кон море или со делумен поглед кон море 45 m², макс. 2+1 лице, француски кревет или два единечни кревети, за дополнително лице/дете – дополнителен помошен кревет.
Indigo Clubber Terrace соба 42–70 m², за гости над 16 години.
Indigo Laguna Clubber соба 50 m², за гости над 16 години за две лица, со француски кревет.
Deluxe соби со поглед на море или со делумен поглед на море 55 m², макс. 3+1 лице, француски или два единечни кревети, за дополнителни лица/деца се обезбедува помошен кревет или софа на расклопување.
Terrace соби со поглед на море или со делумен поглед на море 50 m²; макс. 2+1, француски или два единечни кревети, за дополнително лице/дете помошен кревет. Laguna swim-up соба со поглед на море или делумен поглед на море 60 m², директен излез кон базен, макс. 3+1 или 2+2 лица, француски или два единечни кревети, за дополнително лице/дете помошен кревет.
Family соба со делумен поглед на море 65 m², макс. 3+1 или 2+2 лица, една соба со француски кревет или два единечни кревети, втората соба со француски кревет или два единечни кревети или софа на расклопување.
Forest соба 55 m² макс. 2+1, француски или два единечни кревети, за дополнително лице/дете помошен кревет.
Forest suite со поглед кон море е 100 m² макс. 5+2, 3 спални соби една со француски кревет, две со две единечни кревети; 2 бањи.
Ексклузивни услуги за сите типови соби: личен асистент, удобен салон за рано чекирање или доцно одјавување, декорација на ентериерот во собите, „Bvlgari“ козметика во бањата.
Содржини
Хотелот располага со 9 а la carte ресторани (италијански, рибен, ресторани со азиска и медитеранска кујна), главниот A la carte ресторан „Koza“ (интернационална кујна, отворен 24h, без потреба од претходна резервација), Secret („таен“ ресторан, за гостите со Lujo Edition концепт), Steakhouse и OPA (16+), јапонски Tapponyaki (бесплатен еднаш за време на престојот за гостите сместени во вилите), „Bluette“ слаткарница (со одлични колачи, макарони и други десерти), „Luz Café“ (со најквалитетни кафиња, сладоледи и десерти), 14 барови вклучувајќи и бар на плажа, барови крај базени, барови на понтон, витамин бар во СПА центар, „Chocolate“ бар во лоби кој работи 24h безалкохолни пијалоци, коктели, домашни и увозни алкохолни пијалоци.
Хотелот има 9 базени од кои еден е само за возрасни во Indigo Beach Club делот, еден внатрешен, два детски внатрешен и надворешен. Базените се загреваат во април и октомври, аква парк со 6 тобогани за деца постари од 10 години, конференциски сали, WiFi интернет низ целиот хотел (бесплатно), сауна, турска бања, парна бања, тениски терен, теретана, пикадо, дневна и вечерна анимација, детски базен, детско игралиште, детски клуб „Kujo“ за возраст 1–17 години, детско мени во ресторан, детска дискотека, кино сала.
Со доплата: масажи и третмани во СПА центар, пилатес, фризерски услуги, моторни водени спортови, часови по тенис, пливање, танц и едрење, изнајмување јахта, услуги за перење и пеглање, хемиско чистење, услуги на бебиситер и доктор.
„Таен“ Lujo Edition концепт
Постои и специјален, Lujo Edition концепт наменет ексклузивно за гостите кои ќе изберат својот одмор да го поминат во некој од семејните апартмани или вилите.
Forest соби 55 m², опкружени со шума, панорамски поглед кон море, џакузи на тераса, макс. 3+1.
Laguna duplex family suite 140 m², на 2 ката, директен излез кон базен, макс. 7 лица.
Citrus вили 250 m², 3 спални соби и дневна соба со кујна, приватен базен, макс. 6+1.
Pina вила 300 m², 4 спални соби и дневна соба со кујна, приватен базен, макс. 8+1.
За овие гости на располагање се: CIP сервис на аеродромот во Бодрум и приватен VIP трансфер во двата правци (освен за Forest собите), приватен чек-ин (за гостите од вилите, во зависност од достапноста), мини-бар со ексклузивни пијалоци, приватна плажа, „таен“ a la carte ресторан.
Гостите во вилите дополнително располагаат со луксузен бар со увозни пијалоци, приватни павиљони на плажа, room service, појадок во соба, приватен батлер и баги возило.
Услуга
Услугата во хотелот е a la carte all inclusive.
Плажа
Хотелот има километарска долга плажа создадена од најситен бел песок. Постојат 3 одвоени делови од плажата: Joy Beach (наменета за семеен одмор), MyTrip Beach (плажа без музика и анимации) и Indigo Beach (само за возрасни над 16 години, дневни журки, DJ настапи и слично).Лежалки, чадори, пешкири за плажа и бар на плажа се бесплатни за гостите на хотелот. Со доплата павиљоните на плажа.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Meşelik Mah. Çomça Mevkii Sok. No:10, 48200 Bodrum/Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps