Прескокни кон содржината
LATANYA PARK BEACH RESORT
Повлечи за повеќе слики

LATANYA PARK BEACH RESORT

БодрумAll Inclusive

Положба

Хотелот се наоѓа на околу 40 km од аеродромот Милас и 16 km од Бодрум.

Сместување

Вкупно 204 соби во 5 блокови.
Club standard room (16 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2 +1).
Main standard room (16 m², еден дупли или два единечни кревета, една сплана соба, едно купатило, макс. 2+1).
Club family room (30 m², две посебни спални соби, купатило, макс. 3+2).
Main family room (30 m², две посебни спални соби, купатило, макс. 3+2).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, централна клима, телефон, фен, сеф, мини бар (сокови и вода на пристигнување), ламинатен под, балкон или тераса.

Услуга

Вклучено Сѐ– шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, закуски, кафе, чај, колачи, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, полноќна закуска, бар покрај базен, лоби бар.
Со доплата се À la carte ресторан (рибен), увозни пијалоци, флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, турско кафе, свежо децени сокови, и сѐ останато што не е наведено во концептот.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, барови во хотелскиот комплекс, À la carte ресторан.
Доктор, чување деца, перење алишта, фризер, интернет катче, такси, фотограф, продавници се со доплата. Wi-Fi интернет е достапен на јавните површини во хотелот.

Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња, долга 123 m. Лежалки и чадори се бесплатни, а крпите се со депозит.

Спорт и забава

Отворен базен за возрасни и посебен базен за деца со мал аква парк, фитнес, пикадо, пинг понг, аеробик.
Со доплата се СПА центар и центар за убавина, туркса бања, масажи,  спортови на вода, билијард.
Забавни програми во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца.

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

Çiftlik, Yalı Kümeevleri No:5, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps