
LA BLANCHE RESORT
Локација
Хотелот се наоѓа во областа Тургутреис, на 50 km од аеродромот и на 18 km од центарот на Бодрум.
Сместување
Хотелот располага со 362 соби. Сите соби имаат бања со туш, фен, ЛЦД ТВ со сателитски канали, влечки, сет за чај и кафе, централна клима, мини бар, сеф, Wi-Fi интернет, телефон, балкон.
Standard rooms 30 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, бања, макс.2+1.
Deluxe rooms 37 m², една спална соба со француски кревет и две софи, макс. 2+2.
Family rooms 41 m², две спални соби, една бања, макс. 3+1.
Соби за лица со попреченост 30 m², еден француски кревет, бања.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани (турски, азиски, италијански, рибен), ресторан со закуски, барови низ хотелскиот комплекс, слаткарница. Wi-Fi интернет е бесплатен низ хотелот.
Со доплата: доктор, фризер, перење алишта, фотограф, телефон, факс, продавници, изнајмување кола.
Спорт и забава
Навдорешни и внатрешни базени за возрасни и деца, активности покрај базен, фитнес центар, парна соба, сауна, турска бања, библиотека, ТВ соба, одбојка на плажа, кошарка, тенис, пинг понг, табла, шах.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер, музика во живо неколку пати неделно. Мини клуб за деца 4-12 години, мини диско, детски претстави, игралиште.
Со доплата се 5D кино, билијард, приватни часови, сите третмани и масажи во СПА центарот.
Услуга
Ултра се вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски покрај базен, колачи, сладолед, диететско и веганско катче, детско и бебешко катче во главниот ресторан, À la carte ресторани се бесплатни еднаш во текот на престојот, со претходна резервација, локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Со доплата: премиум пијалаци, свежо цедени сокови, турско кафе, флаширани пијалаци, енергетски пијалаци.
Плажа
Хотелска песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори и крпи за на плажа. Павилјоните се со претходна резервација и со доплата.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Bahçelievler, Bahçelievler Cd. No:119, 48960 Bodrum/Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps