
LA BLANCHE ISLAND BODRUM
Локација
Сместен е на сoпствен полуостров во близина на Guvercinlik, на 17 км од аеродромот Бодрум и на околу 26 км од центарот на градот. Хотелот е отворен во 2014 година и се наоѓа на површина од 82.000 м2.
Сместување
Хотелот се состои од две петкатни згради и има 512 соби. Сите се елегантно уредени и имаат клима уред, сателитска ТВ, телефон, сеф, интернет, мини бар, фен, балкон или тераса. Стандардните соби се со големина од 26 м2 и имаат поглед кон копно или море. Во нив можат да се сместат максимум 3 лица. Од 262 стандардни соби, 7 се наменети за лица со посебни потреби. Superior собите се со големина од 31 м2 и можат да соберат до 4 лица и има вкупно има 131 Superior соби. Familly собите се со две соби одделени со врата, со површина од 37 м2, за максимум 4 лица, и има вкупно 11 Family соби.
Содржини
На гостите им се достапни главен ресторан, 6 a la carte ресторани, 5 бара и пекари, каде што можете да уживате во разни турски и интернационални специјалитети во текот на денот и ноќта. Лоби бар, рецепција, снек-бар, паркинг, безжичен интернет во јавните простории.
Достапни се разни продавници, вклучувајќи супермаркет и продавница за сувенири. Дворот на хотелот располага со игралиште и атрактивна градина, услуга за чување деца, услуга во соба, услуга за перење и фризерски салон.
Со доплата: доктор на повик, продавници, фризер, сервис за перење и пеглање, хемиско чистење.
Спорт и забава
Внатрешен и надворешен базен, тобоган, тераса со лежалки и чадори за сонце. Џакузи, тенис и одбојка на плажа, џет-ски, веслање со чамец, возење со банана чамец, нуркање со маска. Гостите можат да уживаат во широк спектар на спортови во затворен простор во хотелот, вклучувајќи теретана, пинг-понг, билијард, пикадо и аеробик. Сместувањето нуди различни опции за велнес, вклучувајќи спа центар, сауна, парна бања и амам. Забавна програма, музика во живо, дискотека, детски клуб и детско диско.
Со доплата: салон за убавина, масажи и таласотерапија.
Услуга
Услугата во хотел е на база ултра се вклучено. На гостите им се достапни главен ресторан, 6 a la carte ресторани, 5 бара и пекари, каде што можете да уживате во разни турски и интернационални специјалитети во текот на денот и ноќта.
Плажа
Плажата е песочна-камчеста, со понтон. Лежалки, крпи, чадори за сонце, душеци и бар на плажа им се достапни на гостите бесплатно.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Milas, Meşelik, Pina Yarimadasi, 48450 Bodrum/Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps