
KEFALUKA RESORT HOTEL
Положба
Хотелот се наоѓа на 10 km од Тургутриес, 25 km од центарот на Бодрум и на 60 km од аеродромот во Бодрум.
Сместување
Вкупно 384 соби.
Standard rooms (27 m², една спална соба најчесто со два единечни кревета, едно купатило, балкон, макс. 2+1 лице).
Standard Large Rooms (30-34 m², една спална и софа, едно купатило, балкон, макс. 2+2).
Connected rooms (54 m², две поврзани соби, еден дупли кревет и два единечни кревета, едно купатило, балкон, макс. 2 +2 или 4 возрасни).
Deluxe rooms (36 m², една спална соба, едно купатило, балкон, макс.2+1).
Junior suite (52-56 m², една спална и една дневна соба, одвоени со параван, едно купатило, балкон или тераса, макс.2+1).
Family suite (48 m² со балкон или 78 m² со тераса, една спална и една дневна соба, одвоени со врата, едно купатило, макс 2+2).
Superior suite (126 m², 2 спални соби, две купатила, соба и купатило за послуга, скали, макс. 4 лица).
Prestige suite (186 m², 3 спални соби, 3 купатила, соба и купатило за послуга, џакузи, скали, приватен базен, макс. 6 лица).
4 стандардни соби за лица со попреченост.
Сите соби имаат купатило со када или туш кабина, огледало за шминкање, фен, клима која работи според временските услови, LCD / сателитска TV, мини бар (секојдневно се дополнува со вода, пиво и сокови), сеф, сет за чај и кафе, , балкон, ламинатен под. Скоро сите соби имаат поглед на море.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – 24 часовна услуга за храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во главен ресторан, свежо цеден сок од портокал за време на појадокот, À La Carte ресторани (мексикански, кинески, турски, италијански, медитерански) еднаш бесплатно за мин. 5 ноќевања со претходна резервација, детско мени во италијанскиот и мексиканскиот ресторан, детски ресторан, ѓозлеме, бар на платформа и покрај базен, сладолед во одредено време од денот, закуски, слаткарница, Moonlight клуб, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Со доплата се увозни пијалаци, сортни вина, увозни шампањи, делукс пијалаци, старо виски, коњак, свежо цедени сокови (освен за појадок), енергетски пијалаци, пијалаци во шише и лименка, услуга во соба и сѐ останато што не е наведено во концептот.
Содржини
Главен ресторан, À La Carte ресторани (мексикански, кинески, турски, италијански, медитерански), детски ресторан, повеќе барови низ хотелскиот комплекс, Moonlight клуб.
Со доплата се доктор на повик, медицинска сестра, перење, пеглање и хемиско чистење, телефон, изнајмување кола, приватен трансфер од и до аеродром, продавници, фотограф, фризер, и сѐ останато што не е наведено во концептот. Wi-Fi интернет е бесплатен низ хотелот.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, има и платформа. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни. Павилјоните на плажа се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за деца и возрасни, аква парк со 5 тобогана, сауна, парна бања, турска бања, дел за релаксација, ледена фонтана, џакузи, фитнес центар, терени и опрема за фудбал, тенис и сквош, одбојка на плажа, кошарка, табла, шах, пинг понг, пикадо, билијард, кино, немоторизирани спортови на вода.
Со доплата се масажи и третмани во СПА центарот, спортови на вода, осветлување на спортските терени, флипери, куглање.
Забавни програми и анимации во текот на денот и навечер, музика во живо (неколку пати неделно). Детски клуб (4-12) и Клуб за тинејџери (12-18), базени за деца, дел на плажа само за деца, детско игралиште.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Turgutreis - Bodrum/Bodrum Muğla TR, Akyarlar, Barış Manço Cd. No:63, 48960, Türkiye
Отвори во Google Maps